Студен бран и нови снежни врнежи во западниот дел на Балканот

January 3, 2025
1 min read

Во регионот на Западен Балкан пристигна најавената промена на времето, која донесе значителен пад на температурите и нови снежни врнежи.

Во делови од Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија почна да врне дожд, а на места и снег, а надлежните служби издадоа предупредувања за обилни врнежи, ниски температури и силен ветер.

Во Босна и Херцеговина снег падна во регионот Краина, а во текот на денот се очекува снег во другите делови на земјата.

Во БиХ се очекува да паднат од два до десет сантиметри снег, а на повисоките места и на планините од 15 до 25 сантиметри.

За подрачјето на Бања Лука и Бихаќ е издадено портокалово предупредување поради силен ветер, додека жолто предупредување поради врнежи е на сила во останатиот дел од земјата.

Во Хрватска снег паѓа во Лика, Горски котар, но и во внатрешноста, во Загреб, Карловац, Сисак, Бјеловар и Кутина.

Како што најавија хрватските метеоролози, на копното се очекува да се формира снежна покривка, особено во планинските предели каде би можеле да паднатнад 30 сантиметри нов снег.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска денеска објави жолт аларм за централните и планинските предели поради снег и можна појава на мраз и обилни врнежи од дожд.

Падот на температурите и во Србија носи лапавица и снег – претпладне на западот на Војводина и на западот на Србија, а постепено од средината на денот и во другите области, претежно јужно од Сава и Дунав.

-Се очекува создавање и зголемување на висината на снежната покривка, главно од два до пет сантиметри во пониските предели, а на планините околу 10 сантиметри, а на југозападот на Србија некаде и за повеќе од 15 сантиметри нов снег, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија.

Престанување на паѓањето снег се очекува кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопшти дека кон крајот на денот на северот од земјата, на планините и во пониските предели се очекува умерен до обилен снег.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најмалку 40 луѓе се спасени во пожар во зграда во близина на Сеул

Следно

Мицкоски: Се што договоривме со Синдикатот за повисоки плати во здравството, како Влада ќе го испочитуваме, продолжува растот на плати

Latest from Blog

Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на разговорите за Сирија во Ријад

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, утре (недела) ќе присуствува на состанокот за Сирија во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, соопштија дипломатски извори, јавува Анадолу. На состанокот

ВЕЧНА ИМ СЛАВА НА ЗАГИНАТИТЕ: 17 години од хелихоптерската несреќа во Катлановско Блаце

Во Катлановско Блаце утре ќе се одбележи седумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, кои се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Уапсени две лица од Скопје, носеле кокаин!

На 09.01.2025 во 14.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Т.(23) и Ф.Т.(26), двајцата од Скопје, затоа

Аерозагадувањето e причина за сите респираторни тегоби, ординациите се преполни

Ларингити, синузити, пневмонии и останати горни респираторни проблеми деновиве ги полнат ординациите. Лекарите со кои поразговаравме велат дека симптоматологијата е слична кај многумина пациенти – кашлица која трае со недели, болно грло,
Go toTop