Струјата поевтинува по нова година, со сметките ќе се плаќа 200 денари за пристап кон мрежа

December 26, 2023
1 min read

реклама


Цената на струјата за потрошувачите од првиот блок се намалува за 5,16 посто, за вториот блок и евтината тарифа остануваат исти, а единствено поскапуваат третиот блок за 2,88 и четвртиот за 1,86 проценти. Новите цени ќе важат први јануари идната година, објави првиот човек на Регулаторна комисија Марко Бислимовски. Ова ќе значи дека граѓаните кои досега плаќале околу 2.000 денари струја, со тоа што се намалува цената а се додаваат 200 денари за пристап, во иднина ќе имаат скоро исти сметки. Ова се однесува на околу 80 проценти од потрошувачите кои главно се во првиот и вториот блок.

„Тоа доведе уште еднаш потенцирам до намалување на цената во првиот блок за 5.16 проценти, цената на евтината тарифа останува иста, цената во вториот блок исто така, останува иста.
Со самиот факт што имаме евтина тарифа од 13 до 15 часот дополнително голем број на домаќинства ќе ја префрлат потрошувачката во евтината тарифа, така што тука некаде ќе бидат сметките, ќе бидат некаде пониски, некаде исти, единствено ќе бидат повисоки кај оние кои што имаат потрошувачка нула.“, вели Бислимоски.

Од јануари се воведува и надоместокот за пренос на мрежа кон сите сметки кој ќе изнесува 200 денари што значи дека ќе го плаќаат и оние кои имаат празни станови или викендици. Првиот регулатор Бислимовски рече дека со воведувањето на ваквиот надоместок се намалува цената на мрежарина. Доколку тоа не се направело, тогаш цената на електричната енергија ќе се зголемела. Ова го потврди и министерот за економија Крешник Бектеши.

!На сметка на две илјади денари ако тарифата за дистрибутивна мрежа е моментално речиси двојно од тоа што се плаќа за електрична енергија таму има намалување од 27 посто. На илјада денари намалување од 27 посто е 270 денари и ако плаќаш надоместок од 200 денари, значи имаш намалување од 70 денари, да не зборуваме за сметки што се повеќе од илјада денари“, рече Бектеши.

Во врска со прилагодувањето на броилата за евтина тарифа, беше речено дека во голем дел односно кај 80 проценти од потрошувачите, тие се префрлени на евтината тарифа која е од 13 до 15 часот.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЗО: Ситуацијата во болниците во Газа е застрашувачка, многу цивили ги губат своите животи

Следно

„Падот на Масада“ од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски е последна премиера во Драмски театар за оваа година

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop