Струјата нема да поскапи, РКЕ ќе го има последниот збор за цената, вели Бектеши

November 23, 2023
3 mins read

реклама


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе го има последниот збор во однос на одредување на цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи согласно став 5 од член 10 од Законот за енергетика бидејќи ќе прави надзор и ќе потврдува дали начинот на пресметка согласно тарифниот систем е направен коректно, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

По вчерашната објава на претседателот на РКЕ дека новата одлука за цената на струјата ќе ја одредува и кажува ЕВН Хоум, актуелниот универзален снабдувач, а РКЕ ќе ја контролира, Бектеши рече дека ингеренциите на ЕВН Хоум „се повеќе процедурални и технички“.

реклама

  • Наместо пресметка да направи РКЕ тие ќе ги направат своите пресметки и ќе ги достават до РКЕ каде што тие треба да ги потврдат или, пак, може да ги одбијат, рече Бектеши на новинарско прашање по учеството на Самитот за женско претпримеништво.

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека смета оди оваа сезона во земјава ќе има странски турсти, посочувајќи дека при почетокот на мај ќе се започне со промоција на нашата

Посочи дека според Министерството за економија како надлежна институција за Законот за енергетика и толкување на неговите членови во случајов крајниот збор го има РКЕ.

реклама

Ако треба и писмено тоа ќе го направиме кон РКЕ бидејќи надзор за тоа како се применува Законот за енергетика прави Министерството за економија, забележа Бектеши.

Цената на електричната енергија, според него, нема да се зголеми, ниту во блоковите, ниту во целина.

реклама

  • Моментно се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите зашто сакаме што повеќе да ги заштитиме ранливите категории граѓани, нагласи Бектеши.

Рокот на актуелниот универзален снабдувач истекува наредната година, а постапката за избор на нов е почната. Генералниот секретаријат на Владата веќе формирал комисија и се работи на спецификацијата на тендерската документација, со вклучени членови од страна на Македонската академија на науките и уметностите

-Кон почетокот на наредната година ќе имаме нов универзален снабдувач и се надеваме ќе бидат со пониски маржи согласно конкуренцијата што ја имаме. Истиот тарифен систем ќе биде од 1 јануари, а надзор прави РКЕ. Согласно став 5 од членот 10 РКЕ ќе има право да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба, појасни Бектеши.

Кога се утврдува цена на електрична енергија, посочи министерот, генерално најважен импут е цената која ЕСМ ќе ја даде кон универзалниот снабдувач, којашто двапати годишно ја утврдува Владата на затворена седница и може да влијае колку ќе биде цената на потрошувачите.

-Со последните измени универзалниот снабдувач во тендерска постапка конкурира за профитна маржа која ќе ја има за следните пет години. Моментно е околу 11 отсто согласно тендерот што беше пред пет години. Во наредната година ќе видиме каква цена ќе добиеме, убеден сум дека ќе биде под 11 отсто и имајќи ги во предвид сите влезни параметри и секако дека снабдувањето што се прави кон МЕПСО во делот на загубите и на системските услуги кои тие ги даваат, а таму треба електрична енергија ние таму имаме фиксна цена која ја нуди ЕСМ, секако дека целосно речиси влијанието ќе биде од страна на државните институции во делот на утврдување на цената. Ние не можеме да влијаеме само во делот на маржата која се добива во тендерска постапка од универзалниот снабдувач, дали тоа ќе биде 10, 11, 12 или пак ќе биде девет или осум тоа ќе зависи од понудите кои ќе бидат добиени наредната година во делот на универзалниот снабдувач, изјави Бектеши.

Прашан дали има простор цената на струјата да се намали под 53 евра за мегават час бидејќи се намалуваат субвенциите во ЕСМ, повтори дека не сака да објавува податоци пред да се донесе одлука на седница на Владата, но нагласи дека секогаш приоритет ќе бидат домаќинствата и граѓаните за да им се зголемат трошоците.

-ЕСМ веќе има потпишано со ЕБОР Договор за заем од околу 100 милиони евра за нивната ликвидност и во делот на можноста за тие да се снабдуваат со различни енергенси за потребите за производство на електрична енергија. Тие средства моментно се во функција и тие во таа рамка треба да работат. Кој не работи во таа рамка секако дека треба да има одговорност. Нема зошто да зборуваме ние со менаџментот на ЕМС, кога овие одлуки веќе се донесени од страна на Владата, а водено заемот е донесен дополнително и од страна на пратениците кои директно се претставници на граѓаните, рече Бектеши, најавувајќи дека ќе следат како се трошат парите.

Кратењето на субвенции, прецизираше, е за да се зголеми ефикасноста од страна на ЕСМ за да ги намали производствените трошоци кои ги имаше претходната година со зголемување на цената на јагленот, на природниот гас во делот на топлинската енергија, на механизацијата… Во делот на директните субвенции и помошта што се дава кон граѓаните, пак, ќе се направи спротивното и од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за економија со тоа што ќе се прошири опфатот на ранливи категории граѓани кои ќе добијат директна помош од државата за потребите за електрична енергија.

Бектеши повтори дека влијанието на бугарската такса во цената на електрична енергија речиси е нула заради тоа што ЕСМ освен за топлинската енергија за производство на електрична енергија не користи природен гас за потребите на регулираниот пазар.

-Генерално, речиси 50 отсто од потребите на природен гас се користат од страна на ТЕ-ТО компанија која е целосно на слободен пазар и не како претходно што им даваше на ЕСМ електрична енергија со одлука на Владата со утврдена цена, моментално ја продава во слободен пазар не за потребите на домаќинствата и за потребите на малите потрошувачи. ЕСМ ги покрива потребите на домаќинствата, на нашите граѓани, и на микро и малите компании, преку своето производство каде што природниот гас речиси нема никаква улога, појасни Бектеши.

реклама



MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Камерманот на АА повреден во израелски напад останува и продолжува да ги пренесува случувањата во Газа

Следно

Изложба „Експериментален цртеж и експериментална поезија” во Варшава

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по
Go toTop