Струга ги одбројува последните минути, вечерва започнуваат поетските вечери

August 22, 2024
1 min read

Со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 година, истакнатиот француски поет и драматург,  Жан Пјер Симеон, денеска во Струга почнува 63. издание на Струшките вечери на поезијата.

Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ во Домот на поезијата, а ќе продолжи со Меѓународното поетско читање „Меридијани“. За отворањето на Фестивалот, директорот Тодорче Тасевски најави дека ќе има специјално подготвена сценографија, која ги истакнува потенцијалите на сценскиот простор преку поврзување на главната со летната сцена. 

Покрај лауреатот, на 63-тите Струшки вечери на поезијата свои стихови ќе читаат и добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ македонската поетеса и книжевен теоретичар, Катица Ќулавкова, „Мостови на Струга“, германската поетеса Катрин Пиц, како и поетите Бенгт Берг од Шведска, Ана Хофман од Германија, Ѓокченур Челебиоглу од Турција, Галсансух Дежидмаа од Монголија.

Годинашното мото е „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку неговата тактилност и рељефност со допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата. 

Во рамките на програмата предвидени се меѓународни поетски читања, како и поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024. Неизоставен дел се и портретите на добитниците на „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“, како и традиционално портрет на лауреатот во црквата „Света Софија“ во Охрид.

На програмата се и чествување на годишнините на петмина македонски поети и одбележување 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, 95 години од раѓањата на Гане Тодоровски и Матеја Матевски“, како и традиционалното поетско кафе со поети од платформата Версополис. Ќе биде отворена и изложба на Литов Намдаг Јанчивин, почесен конзул на Монголија, по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

Фестивалот завршува в недела на манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“„Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ на годинашните лауреати Жан Пјер Симеон, ,Катрин Пиц, Катица Ќулафкова и Филипа Сара Попова. 

Поради активностите за поставување на сценографија, од 15 часот ќе биде затворена за сообраќај улицата кеј „Борис Кидрич“ пред платото на Центарот за култура, а в недела во 12 часот ќе биде затворена улицата „Партизанска“ за свеченото затворање на манифестацијата  „Мостови“. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ПОЕЗИЈАТА НЕ Е САМО ПЕСНИ, ТУКУ Е И НАЧИН НА ЖИВОТ КОН КОЈ СИТЕ ТРЕБА ДА СЕ СТРЕМИМЕ, РЕЧЕ ВЕНЦЕНОСЕЦОТ ЖАН ПЈЕР СИМЕОН ПРЕД ВЕЧЕРАШНОТО ОТВОРАЊЕ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

Следно

Оставката на Фрчкоски пристигнала во Вила Водно

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop