Строги правила и мониторинг за малите хидроцентрали – решение за стабилна енергија

September 8, 2025
1 min read

Македонија е соочена со енергетска саморанливост и застарени капацитети за базно производство на електрична енергија. Потребно е што поскоро да се изградат нови производствени капацитети за базно производство на електрична енергија, како хидроелектрани и гасни когенеративни централи каде државата ќе има доминантно учество, смета д-р Ристо Цицонков, редовен професор на Машински факултет – Скопје. Но ваквиот потег, според треба да е придружен со исклучително строги еколошки стандарди и мониторинг.

„РЕК Битола е пред скоро затворање заради старост на опремата и исцрпените резерви на јаглен. Потребни се нови државни хидроелектрани (ХЕЦ Чебрен и др.) и гасни когенеративни централи. Пред неколку години се изградија извесен број мали хидроелектрани од кои државата ја купува произведената електрична енергија по бенефицирана цена. Хидроенергијата припаѓа во обновливи извори, а малите хидроцентрали исто така даваат базна електрична енергија. Во земјава постојат потенцијали за нови мали хидроцентрали, но во меѓувреме се создаде полемика во јавноста дека тие ја деградираат животната средина“, вели во колумната д-р Ристо Цицонков, редовен професор на Машински факултет – Скопје.

Професорот предлага да се искористи норвешкото искуство, како и праксата во големите европски економии каде над 20% од над 20.000 мали хидроцентрали се наоѓаат во заштитени природни зони. Односно воведување на строги еколошки стандарди и мониторинг со што ќе се исклучи и влијанието на политичарите или власта.

 

„Дозволите за изградба на овие хидроцентрали се одобруваат само ако проектите задоволуваат добро осмислени закони и прописи, а подоцна при нивната работа се врши постојана контрола (мониторинг) дали се заштитува животната средина и животот во реките. Има разни сензори, на пример за протокот на вода во коритото да не падне под биолошкиот минимум. Ако нивото на реката падне под минимумот, турбините престануваат со работа. Досегашните позитивни показатели од работата на малите хидроцентрали се причина зошто Европската Унија има позитивен став кон изградбата на овој тип хидроцентрали“, објаснува тој.

За ставот на домашните еколошките организации, кои се категорично против изградба на мали хидроцентрали, особено кога се планирани во заштитени и екосистемски значајни подрачја, вели дека „ако има деградација на животната средина и нема ефективен мониторинг од надлежни институции – критиките се оправдани“. Но тоа, според него не треба да ја исклучи одлуката да се градат хидроцентралите.

„Со оглед на фактот дека хидроелектраните користат обновлив извор на енергија и дека на РМ ѝ е неопходна базна електрична енергија, предлагам да го пресликаме искуството од некоја европска земја (Австрија, или Швајцарија, или …) и да се донесат соодветни строги прописи за изградба и мониторинг на работата на мали хидроцентрали. И сакам да нагласам инвеститор да биде државата Република Македонија со најмалку 51% сопственост. Во случај на приватен инвеститор, тој ќе ја продава произведената електрична енергија на отворен пазар по највисока можна цена, а државата ќе остане повторно без базна електрична енергија. И ќе продолжи и понатаму да дава многу милиони евра за увоз на струја“, го објаснува својот предлог професорот Цицонков.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ѓорѓиевски најави: Скопје станува нова дестинација на фестивалот „EXIT“

Следно

Муртезани денеска учествуваше на Амбасадорската конференција #Diplo2025

Latest from Blog

ХАОС ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Полицијата спречи упад, силни топовски удари, БЛОКАДЕРИТЕ ЗАПАЛИЈА ШАТОР (ФОТО+ ВИДЕО)

Во центарот на Белград, пред Народното собрание, се собрале неколку блокадери, обидувајќи се да предизвикаат хаос, јавуваат медиумите. Според извештаите, блокадерите почнале да фрлаат камења и шишиња кон „Чациленд“. МУП издаде итно

Антони ја “скрши“ Мајорка!

ФОТО: Real Betis Balompié/FB Бетис – Мајорка 3:0. Ова е исходот од вечерашниот меч во Ла Лига во Севиља. И веднаш, уште една одлична партија на Бразилецот Антони кој со два гола

Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва испрати силна порака за победата во Кичево. -Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека

Орце Ѓорѓиевски: Благодарен сум на скопјани за довербата – нема да ја изневерам

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со реализација на плановите за подобрување на состојбите во главниот град. „Веднаш
Go toTop