Стотици граѓани со претставки до различни институции поради зголемени цени

March 5, 2024
1 min read

Стотици граѓани поднесоа претставки за зголемените цени до различни институции. Оние кои не добија одговор од надлежните органи, се обратија до невладините организации. Над 150 претставки се поднесени само до Здружението за заштита на потрошувачите за високите цени на прехранбените производи и пијалаците откако завпри мерката за загарантирани цени.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека со предложениот закон за нефер трговски практики ќе се реши проблемот со евентуалното поскапување. Тој ги повика пратениците да гласаат за овој закон, бидејќи според него, само така институционално ќе се реши проблемот со евентуалното поскапување. Битиќи рече дека Комисијата за спречување и заштита од конкуренција се уште не го разгледала неговата претставка што ја испратил пред шест месеци, за трговци кои дратсично ги покачиле цените.

Со укинувањето на гарантираните цени, од 1 март забележани се поскапувања на одредени прехранбени производи и пијалаци. Исто така, веќе не важат двете одлуки за намалување на царинските такси за 10 отсто за земјоделските производи увезени од странство, што директно ќе влијае на зголемувањето на малопродажните цени на овошјето и зеленчукот. Од Државниот пазарен инспекторат велат дека утврдени се прекршоци, но резултатите ќе ги соопштат кога ќе завршат со сите инспекции.

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична против маж од Струга, истепал вработена во струшката општа болница

Следно

За десет дена 275 земјотреси на Кефалонија

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop