Сторија 24: Тетово се гуши во прав

June 3, 2025
1 min read

Тетово го изгуби последниот јавен простор, а граѓаните откако здивнаа од зимските месеци со голема аерозагадување – деновиве повторно се гушат. 

Уривањето на зградата на тетовски монопол без миниум еколошки стадарди го прекри градот со прашина, а Тетово се најде на листата на најзагадени градови во Македонија среде пролет. 

Последната еколошка катастрофа е класичен облик на корупција, кога јавен простор кој требаше да се пренамени во парк – ќе прерасне во урбана џунгла, реагираа невладините. 

Јавниот простор кај тетовски Монопол чинеше едно евро за квадрат. Советниците го променија ДУПОТ – со намена за изградба на згради. Проценките се дека целиот простор лоциран во центарот на градот е продаден за 7000 евра. 

Градоначалникот на Тетово Билал Касами изјави дека на терен се пратени инспектори – да го проверат начинот на уривање на тетовски Монопол.

Локалната самуправа со години со одлуки на советот ги уништува и тие малку јавни простори кои им останаа на граѓаните. Претходната локална самоуправа спортскиот центар го бетонира и го пренамени во луна парк – со кој сега управува приватен концесионер. 

Годинава децениски дрвја долж улицата Борис Кидрич се соголени откако општината одлучи да ја реконструира улицата. Деновите пак сведови сме на одземање на последниот јавен простор на градот – каде тетовци гледаа надеж дека ќе го добијат првиот градски парк.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ученици од Гази Баба ги посетија службените кучиња на МВР

Следно

БДП порасна за 3% – Мицкоски: Македонија со четврти најбрз раст на економијата во Европа

Latest from Blog

Изет Меџити го реализира ветеното: „Цветан Димов“ тргнува кон изградба

Советниците на коалицијата ВЛЕН во Советот на Град Скопје ја изгласаа одлуката со која големиот инфраструктурен проект на улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир доби зелено светло за реализација. Со ова, проектот

Проданоски: Гласот на граѓаните е водилка за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека секоја одлука и секој чекор на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите, идеите и очекувањата на граѓаните. Според него, вистинскиот развој на градот е

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.
Go toTop