Столтенберг: Украина има право да гаѓа мети на територијата на Русија

May 31, 2024
3 mins read

За време на министерскиот состанок на 31 мај, беа закажани дискусии за планот што генералниот секретар Јенс Столтенберг го презентираше во април за рамка која ќе ја пренесе одговорноста за воената и цивилната помош за Украина од неформалната група предводена од САД на формалните структури на НАТО алијансата.

Во Прага престојуваше и државниот секретар на Соединетите Држави, Ентони Блинкен, додека се разговараше за пакетот помош за Украина, кој треба да биде претставен во Вашингтон во јули.

РСЕ: Генераленен секретаре, по денешната средба со министрите за надворешни работи, дали она што го слушнавте ве натера да се чувствувате посигурни дека Харкив ќе ја издржи руската летна офанзива?

Столтенберг: Многу повеќе сум уверен дека сојузниците во НАТО се подготвени да и ја дадат на Украина потребната поддршка за да победи и да ја запре руската инвазија. Војните по природа се непредвидливи, но она што досега го видовме е дека Русија не успеа да направи голем пробив. Тие имаа некои маргинални територијални придобивки, но платија висока цена за тоа.

Сега, оружје и муниција доаѓаат од НАТО сојузниците и јас сум апсолутно сигурен дека Украина може да победи.

РСЕ: А ова оружје и муниција, дали сега можат да гаѓаат руски цели дури и со оружје од САД и Германија?

Столтенберг: Мораме да имаме на ум дека оваа војна е агресија. Русија нападна друга земја и ова е грубо кршење на меѓународното право. Но, според меѓународното право, самоодбраната е легитимна и она што го прави Украина е да се брани.

Правото на самоодбрана го вклучува и правото на гаѓање цели на територијата на агресорот. И тоа е токму она што Украина мора да биде во можност да го направи. Пред се во Харкив бидејќи таму линијата на фронтот и границата се горе-долу исти.

Така што ќе биде многу тешко ако Украинците бидат принудени да прифатат дека артилериските батерии, ракетните батерии или воздушните напади, аеродромите на руска страна се на некој начин побезбедни за Русите, бидејќи тие не се во можност да користат оружје против нив. Но, јас го поздравувам тоа што сојузниците од НАТО ги намалија ограничувањата и јасно ставија до знаење дека, се разбира, Украина има право на самоодбрана.

РСЕ: Што е со нуклеарните радари? Дали тие можат да бидат погодени на територијата на Русија?

Столтенберг: Нема да навлегувам во детали за тоа како Украина треба да ги спроведе своите операции за самоодбрана. Но, тоа треба да биде во согласност со меѓународното право и да се води на одговорен начин.

РСЕ: Кога ќе се свртиме кон источното крило, очигледно е дека НАТО има војници таму. Но, пристигнуваат загрижувачки извештаи дека на источното крило нема противвоздушна одбрана. Дали источното крило е добро заштитено?

Столтенберг: НАТО е способен, спремен, подготвен да ги заштити сите НАТО сојузници. Мора да запомниме дека НАТО е 50 отсто од светската воена моќ. Имаме многу способности, ги имаме САД, убедливо најсилната воена сила во светот.

Дополнително, договоривме нови планови за одбрана. Ги зголемивме нашите амбиции, бидејќи живееме во поопасен свет. Затоа, има потреба од повеќе инвестиции за да се исполнат тие барања кои произлегуваат од новите одбранбени планови.

И тоа вклучува повеќе инвестиции во воздушната одбрана. Сојузниците се согласија да набават или испорачаат 700 или повеќе борбени авиони од петта генерација. Тоа е многу способен систем за противвоздушна одбрана.

Германија и Соединетите Држави штотуку се договорија со компанијата за воздушна безбедност Локхид Мартин за изградба на нова фабрика за ракети Патриот во Германија.

Многу други сојузници го зголемуваат производството. Значи ќе има повеќе и инвестираме повеќе, вклучително и противвоздушна одбрана.

РСЕ: Се разбира, тоа се планови, но има ли опрема за исполнување на тие планови? Можат ли наскоро да се исполнат?

Столтенберг: Па, сојузниците на НАТО треба да ги зголемуваат инвестициите во одбраната, а не само да вложуваат во напредни системи за воздушна одбрана.

И само во последните неколку години го удвоивме бројот на земји членки кои трошат два отсто од БДП. Пред неколку години беше помалку од десет. Во последниот извештај во февруари имавме 18 сојузници кои потрошија два отсто од БДП за одбрана.

Очекувам таа бројка да се зголеми. И тоа одразува дека сојузниците инвестираат повеќе и повеќе, не само во воздушната одбрана. Полска или другите сојузници купуваат огромни количини напредни системи за противвоздушна одбрана. Производството се зголемува. Ќе има, на пример, нова фабрика во Германија, има и други примери.

РСЕ: Конечно, за Грузија, видовте дека Грузија неодамна усвои закон за „странски агенти“. Сега има кинеска компанија која инвестира во многу важно пристаниште во Грузија. Дали е време да се намали вмешаноста на НАТО во Грузија? Дали таа земја е секогаш земја аспирант? Дали треба да бидат и дали треба да го намалите, на пример, сеопфатниот НАТО пакет на Грузија што беше договорен пред неколку години?

Столтенберг: Грузија е партнер. Само што ја посетив Грузија. И важно е да се соработува со земји партнери како Грузија.

Во исто време, новиот закон за странски агенти ја води Грузија во погрешна насока, поради што сојузниците на НАТО и многу други земји изразија загриженост. И ние мора да обезбедиме исполнување на аспирациите на грузискиот народ, да живее во демократско општество.

РСЕ: Но, дали тоа ќе има конкретни последици врз односите НАТО-Грузија?

Столтенберг: За тоа не се разговараше. Нашето партнерство е нешто што има широка поддршка. Но, секако, дел од партнерството е политичкиот дијалог. А дел од тој политички дијалог е и изразувањето загриженост.

РСЕ: Значи остануваат во земјите аспиранти, на пример?

Столтенберг: Па, аплицираа за членство. Сè уште не им дадовме акционен план за членство, но имаме партнерство со Грузија.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ерјона Емини освои броза на Балканско првенство во карате

Следно

Одбојкарите загубија од Хрватска

Latest from Blog

Наместо дискриминаторски даноци, во светот се креираат демографски и социјални политики за поттикнување на наталитетот

Справувањето со „белата чума“ е глобален феномен кој не ја одминува ниту Македонија. Проблемот со демографската рецесија, за разлика од други земји каде е тренд, кај нас го вклучи алармот, рече премиерот

Самит на БРИКС 2025: Што е следно за блокот во пресрет на средбата на лидерите во Бразил?

ИСТАНБУЛ (АА) – Лидерите и претставниците на алијансата БРИКС денес и утре во Рио де Жанеиро ќе го одржат 17-тиот годишен самит, пишува Анадолу. Самитот доаѓа во услови на зголемени геополитички тензии,

Таки Фити: Македонскиот јазик е заштитен во „Францускиот предлог“, губиме драгоцено време

Рацин.мк, во оваа епизода од серијата „Имаме неколку прашања за вас“ оствари интервју со академик Таки Фити. Како што е познато, негова специјалност е економскиот развој на земјите во развој, претприемништвото, економијата

Ајатолахот Хамнеи првпат се појави во јавност од примирјето со Израел

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи вчера првпат се појави во јавност од примирјето со Израел постигнато на 24 јуни. Тој учествуваше на верска церемонија во Техеран. Според снимките објавени на иранската
Go toTop