Столтенберг: Путин не се подготвува за мир, туку за нови офанзиви – потребно е повеќе муниција и опрема за Украина

February 14, 2023
3 mins read

Земјите на НАТО ја снабдуваат Украина со муниција од нивните сопствени резерви, но залихите се намалуваат, ставајќи ги под притисок западните одбранбени индустрии. Според НАТО, времето на чекање за муниција од голем калибар е зголемено од 12 на 28 месеци, што значи дека нарачките направени денес нема да бидат испорачани до летото 2026 година, пишува „Гардијан“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика членките на Северноатлантската алијанса да го зголемат производството на муниција за Украина, предупредуваќи дека рускиот претседател Владимир Путин не се подготвува за мир, туку за нови офанзиви и напади, пишува „Гардијан“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг/Фото: Архива

„Не гледаме знаци дека претседателот Путин се подготвува за мир. Она што го гледаме е спротивното, тој се подготвува за уште војна, за нови офанзиви и нови напади“,

рече денеска Столтенберг на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Говорејќи претходно, а во пресрет на денешниот состанок, генералниот секретар на НАТО рече дека прашањето за испорака на борбени авиони за Украина е на дневен ред на средбата, но „не е најитното прашање сега“.

Наместо тоа, рече тој, „итно прашање во моментов е да се испорача она што отсекогаш било ветено“ – оклопни возила, вклучувајќи ги германските „мардерс“, американските „бредли“ и  борбените тенкови „леопард“.

„Потребна ни е обука, потребна ни е опрема, ни треба муниција и тоа е токму она што сега го обезбедуваат сојузниците и ќе биде главно прашање на денешните состаноци овде во НАТО“,

рече Столтенберг.

Според новинската агенција Асошиејтед прес, Украина „троши“ помеѓу 6 до 7 000 артилериски гранати дневно, што е околу една третина од муницијата што ја користи Русија.

Столтенберг додаде дека војната се претвора во игра на исцрпување, а со самото тоа и во логистичка битка.

„Кога станува збор за артилеријата, потребна ни е муниција, потребни ни се резервни делови, потребно ни е одржување, потребна ни е сета логистика за да се осигураме дека сме во состојба да ги одржиме системите за вооружување“,

рече Столтенберг.

Земјите на НАТО ја снабдуваат Украина со муниција од нивните сопствени резерви, но залихите се намалуваат, ставајќи ги под притисок западните одбранбени индустрии. Според НАТО, времето на чекање за муниција од голем калибар е зголемено од 12 на 28 месеци, што значи дека нарачките направени денес нема да бидат испорачани до летото 2026 година, пишува „Гардијан“.

Германија, како што пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, соопшти дека потпишала договори со производителот на оружје „Рајнметал“ за повторно стартување на производството на муниција за противтенковските топови „гепард“ што Берлин ѝ ги испорача на Киев.

На министерскиот состанок на НАТО во Брисел учествува и украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников.

„Ќе биде многу продуктивен ден“,

напиша Резников на Твитер по состанокот со неговиот американски колега Лојд Остин.

Резников рече дека неговите цели вклучуваат заштита на небото на Украина, „зајакнување на тенковската коалиција“, обезбедување доволно муниција, обезбедување поголема обука за украинската армија и стабилна логистика, одржување и поправка на оружјето.

Состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО се одржува во позадина на тензии меѓу Турција и Шведска, која заедно со Финска поднесоа апликации за членство во Алијансата по руската инвазија на Украина, минатата година. Турција е една од само две од 28. земји-членки на НАТО кои досега не ги ратификувале кандидатурите за членство на Шведска и Финска, поради спорот на Анкара со Стокхолм во врска со курдските милитанти, кој малкумина очекуваат да се реши пред изборите во Турција закажани во мај оваа година.

Турција одби да ги ратификува двете кандидатури за членство, бидејќи бара Шведска да испорача десетици курдски борци кои Анкара ги обвини дека учествувале во обидот за пуч во 2016 година. Шведската влада го зајакна своето законодавство за борба против тероризмот, но вели дека само судовите можат да одлучуваат за екстрадиција. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложи дека би можел да го прифати членството на Финска, без Шведска.

Столтенберг сугерира Финска и Шведска да се приклучат на НАТО одделно, посочувајќи дека главното прашање во врска со членството на двете земји е тоа да се случи што е можно поскоро.

„Главното прашање не е дали апликациите на Финска и Шведска ќе бидат ратификувани заедно. Главното прашање е двете земји да бидат ратификувани како полноправни членки што е можно поскоро. И јас сум убеден дека и двете ќе бидат полноправни членови“,

рече Столтенберг.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО) Обид за хуманост на некоја наша длабоко потресена сограѓанка

Следно

Ники Хејли објави кандидатура за претседателка на САД во 2024 година

Latest from Blog

Тоневски во Отворено: Нашата анализа покажа дека нема цијанид во реката

Директорот на „Булмак 2016“, Тони Тоневски во Отворено рече дека лабораториската анализата што ја направиле по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажала дека немало присуство на цијанид во Тораничка река.  „Покачената ПХ вредност

Филков му врати на Милошоски: Очигледно е неинформиран и изолиран, го упатувам во партија или пак во Влада – можеби конечно ќе го известат за постапките!

Министерот за правда Игор Филков вечерва испрати реакција по повод изнесените наводи на Антонијо Милошоски во Топ тема на Телма. „Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“, а јавноста добро

Пука ли владината коалиција? Милошоски со критики за Филков

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, Министерот за правда Игор Филков има слаби перформанси. Во Топ Тема на Телма, Милошоски ја коментираше работата на Филков, кој доаѓа од ЗНАМ, партија од владината

ДХЛ ќе ги доставува ковертите со гласачки ливчиња за албанската дијаспора во 85 земји

Поштенската компанија „ДХЛ“ ќе ги транспортира гласачките ливчиња, за мајските парламентарни избори, до албанските иселеници, во 85 земји во светот, процес кој Албанија ќе ја чини 10 милиони евра. -Распределбата на 245.808

Затворен е кружниот ток што води накај Драчево и Батинци поради излевањето на Маркова река

Поради обилните врнежи од дожд, Маркова Река се излеа во село Батинци, предизвикувајќи поплави на улиците и дел од домовите. Надлежните служби се на терен и работат на враќање на реката во
Go toTop