Столтенберг: Очекувам самитот на НАТО повторно да потврди дека Украина ќе биде членка во иднина

July 7, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека очекува лидерите на НАТО на претстојниот самит да потврдат дека Украина во иднина ќе стане членка на Алијансата, јавува Анадолу.

Говорејќи на прес-конференција пред самитот на лидерите на НАТО, што ќе се одржи во литванската престолнина Вилнус на 11 и 12 јули, Столтенберг рече дека 31-члената организација е подготвена да испрати јасна порака дека НАТО е обединет и дека руската агресија нема да се исплати.

Тој рече дека шефовите на држави на НАТО ќе усвојат низа мерки за „да ја направат Украина уште посилна“.

Столтенберг рече дека очекува лидерите да потврдат дека Украина ќе стане членка на НАТО и да се договорат како да ја приближат Украина до нејзината цел.

„Лидерите треба да одобрат и повеќегодишна програма за помош за да се обезбеди целосна интероперабилност меѓу украинската војска и НАТО и да се формира Советот НАТО – Украина, платформа за консултации во кризни ситуации“, рече Столтенберг.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ќе присуствува на церемонијата за инаугурација на новото тело.

– Реформа на НАТО –

Се очекува шефовите на држави и влади на НАТО да одобрат ново, поамбициозно ветување за одбранбени инвестиции.

Столтенберг изрази надеж дека членките на НАТО ќе ги зајакнат своите воени инвестиции бидејќи НАТО проценува дека трошоците за одбрана ќе се зголемат за повеќе од 8,3 отсто во 2023 година, што е „најголем пораст во деветтата година по ред“.

Тој појасни дека 11 земји на НАТО оваа година ќе ги надминат целните трошоци за одбрана од два отсто од националниот буџет.

На самитот лидерите ќе одобрат и три нови одбранбени планови за Северниот Атлантик и европскиот Арктик, за Балтичкиот Регион и Централна Европа и за регионот на Медитеранот и Црното Море.

На состанокот ќе присуствуваат лидерите на Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Јужна Кореја, како и највисоките претставници на Европската Унија.

– Касетна муниција за Украина –

Запрашан за неодамнешната американска најава за снабдување на Украина со касетна муниција, Столтенберг рече дека зависи од сојузниците да одлучат каков тип муниција ќе испорачаат.

Тој додаде дека НАТО нема став за овој вид оружје бидејќи некои негови членки се дел од меѓународниот договор за забрана на употреба на касетна муниција, додека други не се.

Столтенберг рече и дека Русија користи такво оружје за напади врз Украина, а Украина го користи за „да се заштити од агресорите“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наставниците низ Велика Британија штрајкуваат по втор пат оваа недела

Следно

(ВИДЕО) Зеленски до Радев: Да бевте на мое место, зарем ќе речевте – Путин, земи си ја Бугарија?

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop