Столтенберг: На Украина ѝ треба попредвидлива и посилна поддршка

April 3, 2024
1 min read

Потребна ни е рамка за поддршка на Украина, која ќе биде попредвидлива и на земјата ќе и ја гарантира помошта која и е неопходна, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата во Брисел.

Во одговор на новинарско прашање во врска со информациите дека планира за предложи фонд од 100 милијарди евра за поддршка на Украина, Столтенберг изјави дека не може да даде детали за планот, нагласувајќи дека на земјата и е потребна посилна поддршка која нема да зависи од доброволните понуди на одделни држави, туку ќе се базира на долгорочната посветеност на НАТО.

„Потребно е да ја институционализираме таа поддршка во рамките на НАТО, за да ја направиме попредвидлива и поробусна. На Украина и треба долгорочна робусна и предвидлива поддршка и ние тоа ќе и го дадеме“, истакна Столтенберг.

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Израел 180 дена врши напади врз Газа: Загинати речиси 33.000 Палестинци

Следно

Панел дискусија посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите

Latest from Blog

(ВИДЕО) Општинскиот штаб на Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари: Од 1 јули забрани и засилени контроли

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и
Go toTop