Стојковски: 400-600 пациенти дневно се третираат во онколошките амбуланти-вработените вложуваат натчовечки напори за третманот на пациентите

January 25, 2025
1 min read

Професор д-р Игор Стојковски, директор на УК за Радиотерапија и онкологија во своето гостување на 24 Анализа на Телевизија 24 вести истакна дека вработените во клиниката за онкологија со натчовечки напори работат и оптоварени се сите профили, односно сите подеднакво работат и тоа го потврдуваат и пациентите.

-Ние како стручен колегиум секогаш сме на став да нема листа на чекање и за разлика од пред две години веќе имаме редовно состаноци на стручниот колегиум, формиран е и онколошки конзилиум, составен од 12 раководители на одделенија и за сите пациенти кои се на терапија од условен буџет одлучуваме на ниво на стручен колегиум и се реферира за сите пациенти според индикација. Во последните неколку месеци успеавме тој дел да го дигитализираме и имаме прецизен преглед кои пациенти се поминати на стручниот колегиум, кажа тој.

-Зголемено е преживувањето, инциденцата е зголемена, како и потрошувачката на лекови и минатата година ја завршивме со 5.300 новорегистрирани пациенти. Бројот на прегледи, според системот се околу сто илјади, на годишно ниво и секој ден низ амбулантскиот дел поминуваат меѓу 400 и 600 пациенти, заклучи проф.д-р Стојковски.

Во однос на третманот на пациентите, д-р Валентина Бојовска Трајановска појасни дека биолошката терапија, всушност е додаток на основната терапија и неа ја има на располагање на клиниката за Онкологија.

-Значи, тоа што е темел на лекувањето пациентите го имаат. Иако и лековите кои недостигаат е есенцијални, сепак со најголем дел од терапијата се покриени, кажа таа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вакциналните пунктови соочени со недостиг на кадар

Следно

Српскиот режим притвора и депортира активисти на студиска посета – Реакција од 374 граѓански организации од 27 земји

Latest from Blog

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 члена на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска
Go toTop