Стојковска Серафимовска: По 6 години, ја враќаме обврската на Собранието за објавување на Програма за одбележување јубилејни годишнини

March 11, 2025
1 min read

По шест години, конечно ја враќаме обврската на Собранието за објавување на Програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2025 година на Р. Македонија со што се грижиме за одржување на државната меморија, односно на меморијата на сите личности и историски настани кои придонеле за градењето на македонската држава, посочи Велика Стојковска Серафимовска, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

-Ве информирам дека согласно своите надлежности, оваа Програма со која се утврдуваат значајните настани и истакнати личности кои ќе се одбележат во 2025 година, ја изготви работното тело кое произлезе од собраниската Комисија за култура и туризам, а во кое членуваа претставници од скоро сите политички партии во македонското собрание.
При подготвувањето на Програмата, Комисијата за култура и туризам оствари контакт со националните институти, државни универзитети, национални установи, центри за култура, заводи за заштита и музеи, библиотеки и останати здруженија, сојузи и невладини организации во државата кои се бават со дејност од областа на културата. Исто така, беа испратени дописи и до сите општини, вклучувајќи го и Град Скопје како посебна едница на локалната самоуправа, рече таа.

Стојковска Серафимовска посочи дека оваа Програма е составена од 103 јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности кои го одразуваат мултиетничкиот карактер на Републиката, и кои се вградени во историскиот развој на земјата и со своето дело ги афирмирале начелата на хуманизмот и општо цивилизациските вредности.

-Напоменуваме дека претходната влада, предводена од СДСМ/ДУИ, со необјавувањето на ваква Програма остави шестгодишна празнина во државната меморија, а само за потсетување, во изминатите години се одбележаа неколку исклучително важни годишни како 120 години од Илинденското востание, 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, 30 години самостојност на Р. Македонија и многу други значајни јубилејни годишни кои го одбележуваат градењето на државноста. Но оваа година, со промената на власта, парламентарното мнозинство во предводено од ВМРО ДПМНЕ, ја враќа одговорноста на Собранието кон нашите обврски и вредности за почит кон Македонија. Со објавувањето на Програмата во единствениот официјален државен гласник „Службен весник“, идните генерации ќе можат да го следат општествениот и историски процес на создавањето и градењето на македонската држава, рече пратеничката.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Откриени деталите за драмата во Ц. Гора: Пет часа потрага по Ивица Костелиќ, „хорор“ во бранови високи четири метри!

Следно

Генерал Лафчиски е на состанокот на шефовите на генералштабовите на европските земји за Украина во Париз

Latest from Blog

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe
Go toTop