Стојкоски нема да учествува во „градоначалничка трка“ за Град Скопје: Мојот фокус на работа е општина Ѓорче Петров

February 13, 2025
1 min read

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, доктор Александар Стојкоски, беше гостин во најновиот „Наткаст“ на новинарот Љупчо Цветановски.

Зборуваа за повеќе теми, а во пресрет на локалните избори кои треба да се одржат есенва беше отворено и прашањето дали е негова амбиција да се кандидира за градоначалник на Град Скопје.

Стојкоски дециден – негов фокус на работа е општина Ѓорче Петров и тоа така и ќе остане.

-Ги следам моите колеги, странично, малку знам и да се пошегувам со нив. Гледам дека доста од градоначалниците скопски, па дури некои и владини функционери се пуштија во трката. Единствено во фокусот на мојот интерес е општината Ѓорче Петров. 20 години политички делувам во општината Ѓорче Петров, имаме толку многу простор за работа, многу предизвици со кои сме соочени, што јас навистина не гледам причина зошто би размислувал за нешто друго. Тоа е дел од градот Скопје кој најмногу го сакам, најмногу го познавам, тука живеам и сакам да создадам нешто. Ги создаваме заедно сите проекти кои што ќе останат за идните генерации. Јас постојано го напоменувам тука, благодарение на целата посветеност на администрацијата, на тимот на луѓе кои што работат, правиме сериозни историски чекори кои се видливи за општината Ѓорче Петров. Мојот фокус на работа би останал тука. Колегите што се заинтересирани, им посакувам среќа. Јас ќе го поддржам кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој и да биде. Сите се тие квалитетни луѓе и докажани во тоа што го работат, рече тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски во дипломатска офанзива во Германија и САД

Следно

Касами сака и нов државен грб и нова химна и изедначување на албанскиот со македонскиот јазик

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop