Стојановски: Приватните превозници го прифатија предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, цената за километар да биде 100 денари!

November 28, 2024
1 min read

Мартин Стојановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, денеска истакна дека приватните превозници го прифатиле предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, а цената за километар ќе биде 100 денари.

„Ние предмалку во рок од траење од еден час одржавме одлична и успешна средба со приватните превозници каде што дадовме како предлог за иницијатива за вонредната седница која треба да следи доколку нели нема вонредна седница, ние ќе иницираме вонредна седница со единствена точка да ги прифатиме условите на приватните превозници за покачување на цената за километар во рок што е со договор на приватните превозници заклучно со месец мај 2025 година.

Нашиот предлог е како што бев информиран од приватните превозници дека цената е 69 до 70 денари за изминат километар кон приватните превозници, тоа да биде со измена на Совет, со одлука на Совет да биде 100 денари од километар заклучно со месец мај додека им трае првиот дел од договорот.

Ние како советници го предложуваме тој предлог, приватните превозници го прифатија и се надеваме дека доколку утре или задутре биде вонредната седница заедно со другите колеги советници ќе го изгласаме тој предлог.

Одлична можност имаше што разговаравме со приватните превозници за сите нивни проблеми.

Ние и во иднина ќе продолжиме да дискутираме за сите нивни проблеми. Радосен и среќен сум што најдовме решение заедно со моите колеги советници од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа е голем доказ дека ВМРО-ДПМНЕ, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата работат стриктно во интерес на граѓаните.

Сакам да знаете дека со оваа одлука доколку би се изгласала нели и од другите колеги советници и затоа повикувам јавно вечерва на следната седница сите колеги советници од сите советнички групи го поддржат овој предлог да се зголеми цената на километар од 70 денари на 100 денари до месец мај за приватните превозници.

Сакам да кажам дека тука не спаѓа никакво покачување на цената за граѓаните, што значи дека ние успеавме во договорот со приватните превозници да издејствуваме да нема никакво покачување на цената на билетот во правец или месечните билети до месец мај за граѓаните. Тоа е голем успех за нас, тоа е голем успех и за приватните превозници затоа што се надевам дека и градоначалничката ќе го стави на точка на дневен ред оваа иницијатива и ќе го прифати овој предлог да нели од понеделник, најдоцна до понеделник доколку се одржи веќе имаме приватни автобуси на улиците затоа што нели тие се дел од крвотокот на градот Скопје.

Повикувам на разум на сите колеги советници, на разум на градоначалничката Арсовска да им се исплати долгот на приватните превозници затоа што предмалку бев информиран дека за некој од приватните превозници не е исплатен долгот од 5-ти месец, на некој од 6-ти месец и се надевам дека ќе им биде брзо исплатен. Нели ние како советници не можеме да и влијаеме на таа исплата, тоа нели се прави со потпис и со насока од градоначалникот“, вели Стојановски.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Брисел: Креативните решенија мора да бидат усогласени со заклучоците на Советот

Следно

Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Собранието на Црна Гора

Latest from Blog

Илија Абутовиќ го продолжи договорот на уште една сезона со Е.Пелистер!

РК Е.Пелистер,постигна договор со Илија Абутовиќ за продолжување на соработката за уште една година. Тоа значи дека интернационалецот од Србија и во следната сезона 2025/26 ќе го носи дресот на битолчани. „ Продолжува

Атанасоски во 24 анализа: Без разлика кој е на власт кај нас за жал никогаш не се прифаќа предлог-закон од опозиција

Политичкиот аналитичар Благоја Атанасоски во 24 анализа рече дека, семејствата на жртвите во трагедијата „Пулс“ во Кочани вината за пожарот ја бараат кај политичките партии кои наизменично ја воделе државава. Според него,

Сирискиот претседател ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на санкциите

ИСТАНБУЛ (АА) – Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара во среда ја поздрави смелата одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за укинување на долгогодишните санкции за Сирија, нарекувајќи ја пресвртница за иднината на земјата,

Јадеме ли квалитетно месо? Одговара Ѓорѓиевски во „Бизнис 21“

„Месото кое го произведуваат домашните производители е здраво за јадење“. Ова го кажа Бојан Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на производители на свежо месо „Македонско прасе“ во емисијата „Бизнис 21“. „По укажување на

Капело: Јамал не е генијалец, далеку е од Меси и Марадона

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, кој во кариерата ги водеше Јувентус, Милан и Реал Мадрид, го коментираше талентот на младиот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал. Трофејниот стручњак ја спушта топката по глобалната
Go toTop