Стојаноски: СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија и единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

November 25, 2024
1 min read

„Водите опозициони политики исто како што водевте политики кога бевте на власт. Со лажење и манипулирање, но заборавате една важна работа а тоа е дека на лагата и се кратки нозете. Не сум загрижен за тоа што вие како партија го правите, бидејќи мора нешто да направите соочени сте прво со историски пораз, а потоа со неуспеси во вашите политики“ , изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.

Стојаноски јасно истакна дека СДС мора да научат да се насочат кон  реал политика и да не шират дезинформации. Дополнително додаде дека бедна е нивната намера да се обидуваат да го манипулираат народот со лаги кои постојано им се рушат.

„Но мене она што ми пречи е што тие лаги кои ги кажувате имаат последици во општеството. Политичарите треба да се научат дека кога креираат политика и кога се во политички партии треба да бидат сериозни и не треба да креираат политики коишто се базираат на лаги“ , додаде Стојаноски.

Стојаноски посочи дека СДС единствено што остави е долг на идни поколенија исто така јасно даде до знаење дека СДС нема кредибилитет да нуди политики. Затоа што СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија.

„Знаете кој ќе враќа три поколенија пари? Ќе ги враќа Владата на ВМРО-ДПМНЕ, тие коишто ги зема СДС, коишто ги испокраде. Политика се води кога е човек е сериозен, економија се креира без вакви евтини лаги  коишто треба да купат одреден ден или да тераме политика купи-ден продај. За ваше добро е да бидете посериозни кога ги општите овие работи во јавност затоа што е смешно. Во иднина посериозно гледајте на овие суштински работи“, дециден беше Стојаноски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски започна со асфалтирањето на УЛИЦА 1, главната артерија во Визбегово

Следно

Јованчев: Општина Кавадарци започнува со гасификација, средства обезбедени за проектот 

Latest from Blog

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека никогаш не сме биле поблиску до ЕУ. Рама вели дека има позитивна

Плажата Оревче ја најави секојдневната програма за летото 2025, многу причини за пливање и танцување

Плажата Оревче ја најави секојдневната програма за летото 2025, многу причини за пливање и танцување, а сите што веќе биле на оваа плажа знаат колку е добро да се танцува на Оревче

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на месец јуни 2025 година со учество на над 1.000 млади лица од земјава потврдуваат постоење на евроскептицизам помеѓу младите луѓе, различни очекувања за членството

Натпреварот помеѓу Јувентус и Реал вечерва може да биде прекинат!

Осминафиналниот дуел од Светското клупско првенство меѓу европските гиганти Реал Мадрид и Јувентус, закажан за вечерва во Мајами (21:00 по средноевропско време), би можел да биде одложен или прекинат поради најавеното невреме.
Go toTop