Стојаноски: Ние како членови на Анкетната, подготвени сме да работиме и 24 часа, со цел постапката да е темелна

December 5, 2025
1 min read

Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата „Анализа“ на 24 телевизија, каде се осврна на темата за Анкетна комисија која како што вели, е формирана да ги разгледа сите трагедии. Тој истакна дека комисијата ќе трае 45 дена и дополнителни 30 за изготвување извештај, при што секое релевантно лице ќе може да биде предложено и сослушано.

„Сметавме дека треба да се даде шанса при таква една Анкетна комисија, да се разговара за сите 138 жртви за сите оние трагедии кои што се случија, затоа што сметавме дека на таков начин сите треба да ги изведеме пред парламентот и преку една Анкетна комисија да дадеме одговори на сите прашања“, вели Стојаноски и додава:

„Јас не сметам дека тоа е криење или бегање, или саботирање туку е еднаква шанса, заради тоа што и во нашата предлог одлука беше инволвирана оваа трагедија како прва, бидејќи во сите оние одлуки кои што се поднесуваат има начин на кој што се тие формираат согласно Деловникот. Не можам да се согласам со тврдењето дека ние нешто саботираме, дека од нешто бегаме, кога секако овој случај ќе го добие приоритетот во рамки на таа правна рамка во која што е донесена одлука“.

Стојаноски вели дека двете одлуки прецизно ја утврдуваат работата на Анкетната комисија, која ќе трае 45 дена, а по завршувањето следува дополнителен рок од 30 дена за изготвување на извештај, и доставување на истиот до надлежните институции.

„Во двете одлуки е дефинирано дека таа Анкетна комисија во согласност и во координација меѓу сите оние кои што членуваат, може да донесе Деловник на работа, но и сите гости и сведоци динамиката на работа треба да биде утврдена помеѓу сите пратенички групи. Таму вели дека од моментот кога ќе почне, до моментот додека заврши со работа има 45 дена. Не сметам дека е малку, затоа што ако се има волја, се наоѓа и начин како тоа да се заврши. Веднаш кога ќе завршат тие 45 дена, имаме 30 дена рок да го изготвиме извештајот и да го поднесеме до сите релевантни институции“, истакна Стојаноски.

Тој нагласи дека подготвени се да работат дури и 24 часа, доколку е потребно, со цел постапката да биде темелна.

„Нашиот предлог е ако треба ќе работиме 24 часа, но секој оној кој што е инволвиран, и секој оној кој што сака да предложи некој да биде сослушан, ќе добие шанса“, посочи Стојаноски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мрачната страна на Бали, проблеми за кои не се говори

Следно

Започнува сезоната на раскинувања: Повеќето врски завршуваат непосредно пред празниците, еве зошто

Latest from Blog

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно

Д-р Александар Колев во „Што го врти светот?“: Иднината на кардиохирургијата, превенцијата и човечноста во медицината

Во најновата епизода на поткастот „Што го врти светот?“, гостуваше истакнатиот македонски кардиохирург д-р Александар Колев, кој преку искрен и стручен разговор донесе оптимизам за иднината на македонското здравство. Тој ги сподели

Во чест на 8 Март: Проданоски се сретна со жени од различни професии и порача – Жените се двигател на семејството, институциите и заедницата

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, им го честиташе празникот на бројни жени кои секојдневно придонесуваат за развојот и напредокот на општината. Вчерашниот
Go toTop