Стојаноски: ДУИ глуми патриотизам, за нив патриотизмот зависи од нивните интереси

January 17, 2025
1 min read

Некое време наназад ние ги следиме обраќањата на дел од пратениците на Европски фронт и неколку пати сме кажале, со таквата терминологија, особено на еден вид на патриотизам којшто ние го нарекуваме монетарен патриотизам. Тоа е патриотизам во моменти кога зависно од која страна треба да добиете нешто така и ги менувате ставовите, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во вечерашното гостување на Алсат телевизија.

Стојаноски објасни зошто не бил присутен на седница кога колешката Даути ја поднела оставката. Посочи дека во услови кога се залагаме за модерен пристам, за општество каде што секој еден граѓанин ќе биде еднакво ценет од државата, дегутантно е употреба на такви зборови во Собрание.

-Ние сметавме дека треба да дадеме легитимитет на еден таков говор. Во услови кога се залагаме за еден модерен пристап, за еден пристап каде што секој еден граѓанин без разлика на национална припадност ќе биде еднакво ценет од државата во којашто живее. Сметаме дека таков пристап, употреба на такви зборови едноставно нема простор во македонското Собрание и македонските институции. И токму затоа одбивме да слушаме што има да каже колешката, дециден е Стојаноски.

Стојаноски ја истакна промената на ставови на Даути по однос на нејзините изјави за Али Ахмети и од таа причина напомена дека од аспект на таквата политика неговиот став е дека не треба да и дадат кредибилитет.

-Бидејќи добро памтиме, ние во изминатиот период бевме опозиција во парламент. Одреден дел од нашето работење и Илире Даути беше опозиција и одблиску сме соработувале периодот. Знаеме што велеше тогаш за господинот Ахмети, а знаеме што тврди сега. Така да, од аспект на таквите тврдења на таквата политика сметаме дека не треба да и дадеме кредибилитет, заклучи Стојаноски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потврдена критичната состојба на мостот на Вардар кај Башино Село

Следно

Јагуриновски: Oдиме со сите сили на победа против Гвинеја

Latest from Blog

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Проданоски: Создаваме услови младите да останат и да се развиваат во Прилеп

Меѓународниот средношколски форум на економски училишта, организиран од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, претставува значајна платформа за отворање дискусија за улогата на младите во современото општество и важноста од нивно соодветно образование

Дали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ансу Фати сè уште не го кажал конечното „да“ на Монако, бидејќи се надева дека би можел да ја добие својата последна шанса во Барселона. Каталонски извори објавија дека Фати чека
Go toTop