Стоечки овации за „Црно семе“ на битолскиот театар во Прилеп на МТФ „Војдан Чернодрински“

June 8, 2025
1 min read

Со бурни аплаузи и стоечки овации беше дочекана синоќешната изведба на претставата „Црно семе“ на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во рамки на програмата на фестивалот „Војдан Чернодрински“.

Како што соопштија организаторите, претставата во режија на Андреј Цветановски, по текст на Ташко Георгиевски, ја изведоа актерите од Народниот театар од Битола, а публиката беше особено трогната од актерската игра на Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Петар Горко, Петар Спировски, Никола Пројчевски и останатите.

Во текот на вчерашниот ден беше одржана и првата тркалезна маса посветена на претставата „12“ на Македонскиот народен театар. Разговорот започна симболично точно напладне, а го модерираше Звонко Димоски, кој истакна дека претставата не е само рефлексија за правдата, туку и критичко преиспитување на сопствените предрасуди. Режисерот Синиша Евтимов откри дека текстот долго време го чувал во фиока и дека концептот ја разобличува некомпетентноста во општеството, додека актерот Сашко Коцев нагласи дека на сцената се собрале 12 солисти, а процесот на работа бил интензивен и длабоко личен. Директорот на МНТ, Никола Кимовски, раскажа дека уште од првата проба интересот на публиката бил голем, а Ѓорѓи Јолевски го опиша проектот како „престиж и хорор во исто време“, каде демократскиот пристап кон мизансценот бил клучен дел од креативниот процес.

Актерот Сашко Коцев на тркалезната маса за претставата „12“ на Македонскиот народен театар | Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

Вчера беше отворена и Детската зона на фестивалот околу Саат-кулата, каде стотици деца цртаа, пееја и учествуваа во ликовна работилница со Ателје Артика, под водство на Методи Исков и Елена Димоска. Поетски настап со дела од македонски автори имаа Лина Димоска и Филип Димкоски, инспирирани од програмата „Прилеп во фокус“.

Фестивалот продолжува денеска со детска програма од 10 часот, промоција на театролошка литература во 11 часот, како и нова тркалезна маса посветена на „Црно семе“ од Битолскиот театар, закажана за 12 часот. Вечерва, во 19 часот, ќе биде изведена претставата „Сите прекрасни нешта“ во режија на Нела Витошевиќ, продукција на Народниот театар од Штип, со актерска екипа составена од Ефтим Ѓаурски, Милорад Ангелов, Марија Минчева Андонова, Стефанија Митовска, Ава Хусеини и други.

Програмата „Драмолетање“, посветена на поврзување на млади драмски автори со професионалци и менаџери на театри, продолжува и денес во киното „Мис Стон“. Вечерта ќе заврши со отворање на Музејот во движење „Прилеп во фокус“, во 21 часот, кој е посветен на легендарните прилепски уметници Благоја Спиркоски – Џумерко, Кирил Ристески и Благоја Ристески-Платнар. На оваа програма ќе ѝ претходи проекција на документарни филмови на Платнар во 17 часот во „Мис Стон“.

Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура и туризам и Општина Прилеп, а има и еко-компонента преку соработка со „Пакомак“. Спонзори се Витаминка, Прилепска пивара и Diners Club International.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цените на почетокот на сезоната во омилените места на Халкидики слични како и лани

Следно

Од утре не очекува нестабилно време со дожд и грмежи!

Latest from Blog

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на
Go toTop