Стевановиќ: Велешанецот најверојатно се заразил од крлеж при ловење риба

August 14, 2023
1 min read

реклама



Денеска беше регистриран трет случај на конго-кримска хеморагична треска во земјава. Велешанец на 42 години почувствувал покачена температура и главоболка, и побарал лекарска помош.

Директорката на Инфективна клинија, д-р Милена Стевановиќ кажа дека пациентот најверојатно се заразил од крлеж, при рибарење.

реклама

„Во саботата вечерта имавме суспектен пациент од Велешката болница и во текот на вечерта неговата дијагноза е потврдена. Пациентот е во добра состојба, се жалел на покачена температура, главоболка и побарал лекарска помош. Нема друго за клиничката слика на болеста“, рече д-р Стевановиќ.

Таа објасни дека тој наверојатно се заразил од крлеж, иако пациентот не дал таква информација, а тоа што го кажал е дека бил на рибарење кај реката Вардар, во дел каде има висока трева и трња.

реклама

„Овој пациент не дал свесно дека има каснување од крлеж. Не ретко се случуваат и такви нешта“, рече Стевановиќ и додаде:

„Целокупниот здравствен систем е активиран во државата, Клиниката за инфективни болести, епидемиолошките служби, и секој својата работа ја работи. Епидемиолозите направија анкетни листи со неговите контакти, со семејството, тројца колеги од Велешката болница, и ставени се под медицински надзор“, рече д-р Стевановиќ.

реклама

Таа објасни дека вработената на Клиниката која беше заразена од конго-кримска хеморагична треска е во добра состојба.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОАЕ домаќини на состанокот со Јордан и Израел за проектот за енергија и вода

Следно

Фото-изложба во Охрид на тема „Вода = Живот“

Latest from Blog

Тоневски со честитка до учениците во Пробиштип: Бидете љубопитни, храбри и истрајни

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, по повод почетокот на новата учебна година упати честитка до учениците, наставниците и родителите. Тоневски посочи дека училишното ѕвонче го означува почетокот на нова година исполнета

ЕУ подготвува поголеми вложувања во критични минерали – Македонија има само една активна инвестиција

Европската Унија планира во следниот седумгодишен буџет да одвои повеќе средства за зајакнување на сопствената независност во снабдувањето со критични минерали. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, повика новата финансиска

Божиновска во Велес: Стручното образование е клучна основа за идниот развој на Македонија

По повод почетокот на новата учебна година, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го посети ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес, каде што се сретна со директорот Горан Богоевски,
Go toTop