Стерјовски: Од ниту една влада на Албанија не постоела политичка волја за остварување на легитимните права на македонското и другите малцинства

January 30, 2025
1 min read

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, смета дека во оваа земја нема политичка волја од сите политички сили за остварување на легитимните права на малцинствата.

  • На малцинствата не гледаат како мост на поврзување со нашите матични земји, каде што можеме да дадеме придонес. Ние како малцинства сме сите мирољубиви малцинства. Ние сме лојални на оваа држава, плаќаме даноци во оваа држава и досега не сме презеле ништо против оваа држава, затоа што таа на крајот е наша татковина. Овде сме родени, овде живееме и го сакаме најдоброто за оваа земја, но на крајот сакаме да си го зачуваме и тоа што сме, нашата националност, нашиот јазик. Не е некој проблем што државата не може да го реши, изјави Стерјовски, во гостување во емисијата „60 минути” на СКАН телевизија.

На констатацијата на новинарот дека барањата се оправдани, но прашање е дали можеби толку се капацитетите и можностите на Албанија, тој вели дека не се работи за тоа дали државата има капацитет или нема.

  • Секако дека има. Да го земеме, на пример, едно од нашите права, а тоа е правото на образование. Ние во Пустец го имаме тоа право од 1945 година, во општина Пустец и во селото Врбник во Деволската област. Но, сега училиштето таму е затворено бидејќи поради лошите услови за живеење луѓето си заминале. Во областа Голо Брдо, во областа Гора, поточно таму каде што има барање, бидејќи таму сите се Македонци, сите зборуваат македонски, но сакаат да научат и да пишуваат. Со неколку професори по македонски јазик, да се воведе македонскиот јазик во наставниот процес, не е проблем за државата, некој голем трошок да се ангажираат и да се платат пет професори, оценува тој.

Според Стерјовски тоа е потврда дека едноставно немало политичка волја од сите влади, не само од оваа влада. Едноставно, како што кажав, рече тој, тоа беше обврска од ЕУ, и законодавството за малцинствата напредувало како што нашата земја напредувала кон ЕУ.

Посочува дека политичка волја не постои зашто сите партии се плашат, особено како ќе реагира електоратот, да не им дадеме, многу на малцинства.

Верувам, додаде, дека ова е она од што креаторите на политиката најмногу се претпазливи.

  • Мојата порака, пред сè, е дека сите влади треба да обрнат внимание, особено на областите каде што живеат малцинствата. Јас конкретно, зборувам за мојата заедница. Ние можеме да зборуваме за правото на образование, култура и јазик, но во крајна линија тие треба да имаат подостоинствен живот, бидејќи условите во кои живее македонското малцинство во Албанија во руралните средини се навистина скандалозни, без патишта, без вода, без канализација, изјави Стерјовски.

Смета дека „треба да има поголемо внимание од сите влади за подобрување на животот на македонската заедница што живее таму, а потоа да зборуваме за културата, традициите и јазикот”.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Занаетчиите го поддржуваат бојкотот, повикуваат граѓаните да пазарат кај малите занаетчии

Следно

ЛУЃЕТО СЕ СМЕАТ, НО ПРЕТСТАВАТА ВООПШТО НЕ Е СМЕШНА, РЕЧЕ КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ ПО ПРЕМИЕРАТА НА „ДА ЖИВЕЕ ДОЛНА ДУПКА“ КОЈА ЗБОРУВА ЗА КОРУПЦИЈАТА

Latest from Blog

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани

Николоски: Од Радовиш преку Струмица до Ново Село ќе се гради експресен пат

Ќе се гради експресен пат од Радовиш, преку Струмица, до Ново Село и границата со Бугарија, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, веќе е започната постапката за избор

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род
Go toTop