Стеф Кари ќе го пропушти петтиот натпревар од плејофот против Минесота

May 14, 2025
1 min read

Голден Стејт Вориорс ќе бидат без својата ѕвезда Стеф Кари за петтиот натпревар од плејофот против Минесота, откако тој сè уште не се опоравил од повредата што ја заработи во првиот натпревар.

Вориорс заостануваат со 3-1 од Минесота во полуфиналето на Западната конференција и се на добар пат да бидат елиминирани со уште еден пораз вечерва. Кари ги пропушти поразите во вториот, третиот и четвртиот натпревар од серијата.

По четвртиот дуел во понеделникот во Сан Франциско, Кари зборуваше за можноста да се врати за следниот меч: „Дури и да сакав да бидам Супермен, не би можел“.

Забелешката „Супермен“ се однесува на коментарот на Дрејмонд Грин од Голден Стејт по поразот од 110-117.

-Не, тој нема да биде Супермен за оваа работа. Ако може да игра, сигурен сум дека ќе игра. Но, не ни треба Кари да се обидува да биде Супермен, изјави Грин, запрашан за можното враќање на Кари во петтиот натпревар.

Кари, 11-кратен учесник на Ол-стар натпреварот, двократен MВП и четирикратен шампион на НБА, е лидер на сите времиња по бројот на постигнати тројки. Тој има 4.058 во својата кариера, речиси 900 повеќе од вториот на листата – Џејмс Харден.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп пристигна во Катар, втора станица од турнејата низ Персискиот Залив

Следно

Ердоган за распуштањето на терористичката ПКК: „Турското разузнавање ќе следи дали се исполнуваат ветувањата“

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop