Стари, лоши навики: Ахмети со закани го притиска Уставниот суд

November 12, 2024
1 min read

Кога ќе заглавиш сам со себе и не  знаеш како поинаку и понатаму, удри на национализам. Ова е прастара мантра на политикантите кои изигруваат политичари, светски тренд кој не ја поштедува нити Македонија. Најстариот рецепт за луѓе, лидери и партии без идеи. Особено за оние кои не знаат како да се вратат на власт и мислат дека се вечни на таа позиција. Другото толкување би било дека кога не се на власт, немаат ниту допир со тендери, грантови, фондови за иновации, рушвет, та не знаат што да прават со себе. А, факт е дека неинвентивноста продуцира користење на стари, проверени и анахрони рецепти. Некои и од 2001-та, со таа разлика што сега сме 2024, членка на НАТО итн… И така, од досада, се прават смутови, закани за војна, евтини и „веќе видени“ финти кои одамна немаат „проѓа“ во Македонија.

„Вечерва на средбата со народот организирана од огранокот на ДУИ во Шуто Оризари разговаравме за понижувањата, отпуштањата на Албанците, обидите за укинување на албанскиот јазик, балансерот и поништувањето на сите достигнувања на Албанците пред очите на прекршителите на волјата на Албанците од ВЛЕН. Но, лидерот Али Ахмети ги увери членовите, симпатизерите и граѓаните дека по никоја цена нема да толерираат уништување на достигнувањата постигнати со многу жртви“, се вели со соопштението на ДУИ.

Али Ахмети со старо-нова порака од Шутка: „Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе.“ Вака ДУИ ја соопшти главната порака на партискиот претседател, искажана на синоќешната средба со граѓани во Шуто Оризари.

Не е првпат Ахмети да реагира со критики до партиите (ВМРО-ДПМНЕ или ВЛЕН) во врска со постапки/одлуки што се во друга надлежност – на Уставниот суд. После писмата упатени до „високи меѓународни лидери“, на 28-ми октомври тој испрати писмо и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кое за дотогашните одлуки на Уставниот суд наведе дека се одлуки „кои изгледа дека се извршување на програмата на вашата партија (ВМРО-ДПМНЕ-н.з.) за укинување на клучните механизми за заштита на заедниците“.

„Одлуките за измена или ревизија на Законот за употреба на јазиците, не се само политички контроверзни, туку и штетни за напредокот и соработката меѓу заедниците, а таков развој може да ги поткопа придобивките и да ја врати земјата во периоди на несигурност“, порача тогаш Ахмети.

Извори од Европскиот фронт кој по си-вито повеќе прилега на Јужноафрикански картел, за Дојче веле велат дека не сакаат да додаваат повеќе од она што го кажал Ахмети повеќе пати на таа тема, вклучително и со синоќешната порака. Аналитичари сметаат дека тој ја користи и ќе ја користи темата како алатка за мобилизација во корист на ДУИ и нејзиниот рејтинг, за дополнително да се факторизира во фонот на темите за предвремени избори и да рефлектира масовна поддршка на политиките на ДУИ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Суспендираниот обвинител Мустафа Хајрулахи закажа прес конференција: Кон мене се врши невиден притисок

Следно

Нетанјаху планира анексија на Западниот Брег кога Трамп ќе ја преземе функцијата

Latest from Blog

Хамбургер поуспешен во „голеадата“ од Вердер

Тимот на Хамбургер ја искористи предноста на домашниот терен и успеа вечерва да биде поуспешен од Вердер Бремен со конечни 3:2. Одличниот натпревар имаше пресврти, интензитет, многу шанси и конечно пет гола.

Нетанјаху: Израел и Хамас се многу блиску до втората фаза од мировниот договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се очекува неговата земја и палестинското движење Хамас „многу брзо да преминат во втората фаза од прекинот на огнот“ откако Хамас ќе ги врати останките на

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот одбор на партијата Антонијо Милошоски денеска истакна дека Договорот за стратешко партнерство со Британија, не предвидува и изградба на бегалски кампови во Македонија. Со тоа,

“БРЕНА Е НАЈГОЛЕМА БУДАЛА НА ЕСТРАДАТА…“ Аца Лукас е нервозен и сериозно се закрвил

Една од нив беше за естрадата, а Лукас без двоумење одговори кога го прашаа кого од неговите колеги го смета за најголема будала. Музичката ѕвезда Аца Лукас и неговиот пријател и продуцент,

ДАРИЈА СЕ ПОРОДОЛА НА 13 ГОДИНИ. Што потоа… “Социјално мрежното воспитување“ уништува генерации

Приказната стана феномен на нашето време кога децата стануваат “возрасни“ преку ноќ и преслободниот секс кој општеството го прифаќа или премолчиува без оглед на последиците. Ова е една по последиците на тој
Go toTop