ССМ бара линеарно покачување на мартовската плата за 60.000 работници во јавниот сектор

March 22, 2024
1 min read

На околу 60.000 работници во јавен сектор треба линеарно да се покачи мартовската, став е на Сојузот на синдикатите на Македонија. Претседателот на ССМ,  Слободан Трендафилов и заменик претседателот на Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Боби Стојановски денеска остварија средба со дополнителниот заменик Министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски

-На средбата Претседателот на ССМ,  Слободан Трендафилов го информираше Заменик Министерот Андоновски дека со денешната објава на новиот износ на минималната плата која според пресметките треба да изнесува 22.567,00 денари, односно истата се зголемува за 2.392,00 денари, треба да се усогласат и платите на вработените во јавниот сектор, а во чии закони како основна компонента е минималната плата, и со тоа на околу 60.000 работници во јавен сектор треба линеарно да се покачи мартовската плата, соопшти ССМ.

Истовремено, Трендафилов укажа на потребата од склучување на нов Грански колективен договор со Синдикатот на УПОЗ веднаш по завршување на изборниот процес и склучување на нови колективни договори на ниво на работодавач во јавниот сектор.

-Дополнително, Трендафилов  и Стојановски му укажаа дека треба да се разгледа барањето на Самостојниот синдикат за здравство за промена на каталогот за работни места со дополнување на работните места во здравство кои сега не се каталогизирани, се наведува во соопштението на ССМ.

Инаку, во ССМ сметаат дека до крајот на годинава треба да има уште едно зголемување на минималната плата. Според нив, мартовскиот скок на минималецот на 22. 500 денари велат дека не е доволен и бараат идната Влада во првите 100 дена да направи уште една корекција и со тоа  минималната плата да достигне износ од 450 евра, колку што е во некои земји од регионот.  Ова беше соопштено пред стартот на состанокот на Економско-социјалниот совет, на кој присуствуваат и претставници од Владата и од организацијата на работодавачи.

Инаку, одлуката за новото зголемување на минималната плата се уште не е влезена во  Службен весник. Од ССМ очекуваат тоа да се случи најдоцна до понеделник.

Извор: skopskoeho.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Советот за безбедност на ОН ја одби американската резолуција за прекин на огнот во Газа

Следно

Миовски донесе водство за Македонија пред одморот (ВИДЕО)

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop