СРЦЕТО МИ ЧУКА ОД ВОЗБУДА ИСТО КАКО ПРЕД 25 ГОДИНИ, ВЕЛИ БАЛЕРИНАТА И КОРЕОГРАФКА САША ЕВТИМОВА КОЈА ВЕЧЕРВА СО „ЕСМЕРАЛДА“ СЛАВИ ЈУБИЛЕЈ

February 19, 2025
1 min read

Се чувствувам исто како вчера да беше кога за првпат се качив на сцената, срцето ми чука од возбуда и нерви, никогаш не замислувајќи дека танцот ќе стане толку одлучувачки дел од мојот живот, вели Саша Евтимова, истакнат балетски солист, педагог и кореограф која вечерва (20 часот) ќе настапи во улогата на Гудула во балетот „Есмералда“ во Националната опера и балет (НОБ). Оваа година, Евтимова одбележува 25 години успешна уметничка дејност.

Евтимова вели дека веќе неколку години сака да ја игра Гудула во „Есмералда“, бидејќи е улога за зрел уметник каде што драмски може да се искаже.

„Стоејќи овде денес, гледајќи наназад на 25 години танц, исполнета сум со благодарност, носталгија и длабока благодарност за ова неверојатно патување. Танцот беше мојот најголем учител. Ме научи на дисциплина, издржливост и убавина на раскажувањето без зборови. Тоа ми даде дарба да искажувам емоции што зборовите често не успеваат да ги доловат. Низ секој настап, секоја проба, секој момент на сомнеж и триумф, пораснав не само како танчерка, туку и како личност“, ни рече Евтимова пред вечерашната изведба.

Евтимова како Гудула. (Фото: НОБ)

Балетот „Есмералда“ од Чезаре Пуњи, важи за еден од бисерите на класичната балетска уметност. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентство на Едуард Амбарцумјан од Естонија во кореографија на Михаил Крапивин од Русија, сценографијата и костимите се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината Марија Кичевска-Шокаровска, во улогата на Феб  е Франциско Хименес Руиз (Шпанија), во улогата на Флер де Лис е Симона Колиштркоска. Настапуваат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По Берберските овци, угина и мајмун во скопската Зоолошка

Следно

Или-Или објави два романи на Зоран Фериќ

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop