Српското МВР уапси 17 лица, кои печателе лажни дипломи, па вработувале во државна служба

April 24, 2024
1 min read

Српската полиција приведе 17 лица членови на две организирани криминални групи, поради сомнение дека со фалсификување дипломи и злоупотреба на службената положба во три министерства проневериле над 12 милиони динари.

Осомничените во периодот од април 2023 година до денес обезбедиле над 400 лажни јавни исправи – договори, полномоштва, дипломи од средно, виши и високообразовни установи – во нелегална печатница на територијата на Белград, со намера клиентите да ги користат како вистински и легално стекнати, јави Бета.

Меѓу уапсените се и две лица вработени во Министерството за државна управа и локална самоуправа, како и едно лице вработено во МВР, кои се осомничени дека ја искористиле службената положба за вршење проверки преку затворените бази на матичните служби и МВР, за лицата за кои биле фалсификувани документите.

Приведено е и едно лице вработено во Министерството за образование, за кое постојат основи на сомнение дека искористувајќи ја службената положба со тие фалсификувани документи, вработувал лица во државни институции, за што добивал одредени суми пари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши гласањето, почнува броењето

Следно

Бајден: Израел мора да дозволи помош за Палестинците без одлагање

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop