Српскиот министер за економија е за воведување санкции кон Русија, ја повика владата итно да се изјасни по прашањето  

March 13, 2023
2 mins read

„Како министер за економија гледам колкав притисок се врши врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а ние молчиме. Тоа не можам да го прифатам. Затоа јас сум за воведување санкции кон Русија, стојам покрај претседателот Вучиќ во одбрана на државните и националните интереси и имам апсолутна доверба во него. Затоа барам од српската влада и од сите министрите да се изјаснат по ова прашање“, напиша министерот за економија во објава на Инстаграм

Српскиот министер за економија Раде Баста денеска преку објава на Инстаграм побара од владата на Србија итно да се изјасни во врска со воведувањето санкции кон Русија поради нејзината агресија врз Украина, пренесуваат српските медиуми.  

Министерот за економија на Република Србија, Раде Баста/Фото: Влада на Република Србија

„Нашата земја веќе плаќа висока цена што не воведува санкции кон Русија, а тоа станува неподносливо. Како министер за економија гледам колкав притисок се врши врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а ние молчиме. Тоа не можам да го прифатам. Затоа јас сум за воведување санкции кон Русија, стојам покрај претседателот Вучиќ во одбрана на државните и националните интереси и имам апсолутна доверба во него. Затоа барам од српската влада и од сите министрите да се изјаснат по ова прашање“,

напиша Баста, пренесува „Нова.рс.“ 

Тој посочува дека како земја која низ историјата и самата била соочена со санкции и чиј народ претрпел тешки економски последици, не ја донеле одлуката бидејќи се надевале дека конфликтот во Украина ќе заврши, дека ќе надвладее разумот и дека двете страни конечно ќе седнат на преговарачка маса.  

„За жал, со текот на времето се соочуваме со нова реалност. На конфликтот не му се гледа крајот, а разумот се чини дека е при крај. Во конфликтот меѓу големите секогаш страдаат малите држави, а поради глобалните превирања Србија е соочена со огромни притисоци“,

предупредува Баста. 

Според него неопходно е Владата на Србија да заземе единствен став за насоката во која ќе се движи земјата напред. 

 „Од почетокот на војната ја осудуваме руската агресија врз Украина, но во исто време ги штитиме националните интереси во односите со Руската Федерација. Затоа ние првично не се приклучивме на голем број земји кои воведоа санкции кон земјата агресор. Но, ситуацијата секој ден се повеќе се усложнува, а западните земји силно ја критикуваат Србија што не се приклучува кон санкциите“,

додава тој.

Министерот за економија, исто така, е убеден дека раководството на Србија, предводено од претседателот Вучиќ, ќе направи се за да ги зачува мирот и стабилноста. 

 „Економијата е клучна за Србија и затоа, како министер за економија, укажувам дека и покрај тешката надворешнополитичка ситуација, мораме да го зачуваме економскиот раст и да се бориме нашите граѓани да живеат подобро. Србија има своја сериозна, одговорна и независна политика и ќе продолжи да ги штити своите граѓани“,  

заклучува Баста во својата објава.

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во Србија, Кристофер Хил минатата недела изјави дека Србија ќе мора да донесе одлука за санкции против Русија. Тој додаде дека официјален Белград плаќа висока цена што досега не го стори тоа, потестува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). 

 „Многу е важно Србија во процесот на пристапување во Европската Унија да се усогласи со својата надворешна политика, вклучувајќи го и воведувањето санкции против Русија“,

изјави Хил за Радио „Сто плус“. 

Сепак, за дел од опозицијата изјавата на министерот за економија е „ фарса и пробен балон“ и дека не го одразува неговото лично мислење, особено ако се земе предвид дека доаѓа од партијата Единствена Србија, која се оградила од неговите ставови.  

 „Тоа се договорени работи, тие ретко солираат, не се луѓе кои имаат свое мислење, замислете министерот Баста има свое мислење. Тоа е фарса, пробен балон“,

вели за Н1 Радомир Лазовиќ пратеник во српскиот парламент од Движењето „Да не го давиме Белград“ (Не давимо Београд). 

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Расистички нападнат фудбалер, еве што се случило

Следно

Тажна вест: Почина штипскиот бизнисмен Ване Богдов

Latest from Blog

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дискусијата за проширувањето на Европската Унија добива нова динамика преку серија „нон-пејпери“ и предлози од државите членки, поттикнати од потребата за итно решавање на статусот на Украина, но и од притисокот да

Најубава најава за дуелот САД – БиХ: Се спомнуваат Џордан, Алкатраз, ЦИА против Бело Дугме, Гаврило Принцип, бурекот!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SolzenjicinH Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит
Go toTop