Српски политичар тврди: Таткото на убиената Вања е наместен, прв доставил снимки до МВР

January 6, 2024
1 min read

реклама


Контроверзниот српски политичар Срѓан Ного од политичката партија Двери, на својот јутјуб канал објави нови фотографии од автомобилот на Панче Жежовски, со кое е извршено киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Во видео кое трае повеќе од еден час, Ного тврди дека таткото на Вања е наместен и дека не знаел дека неговата ќерка е убиена се додека не бил спроведен во судот. Воедно вели дека тој прв доставил снимки до МВР од околните камери. За Панче Жежовски вели дека се глупости дека е убиен поради долг од 500 евра, а го поврзува со Палчо, првоосомничениот за убиствата, со копАње на историски артефакти. Тој тврди дека Палевски имал извори во полицијата за тоа до каде е истрагата за двојното убиство. Како што вели, нема одговор за мотивите за убиствата, но тврди дека не се работи за киднапирање, туку класична ликвидација. На сопствениот јутјуб канал Ного објави досега необјавени видео материјали на кои се гледа возилото цитроен, пред зградата на Вања. Објавена е и снимка од последниот ден на Панче Жежовски на бензинска пумпа во Велес. Но, главното прашање е од каде му се снимките од возилото, но и аудио снимките од таткото на Вања, на српски политичар.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Срѓан Ного: Киднаперите планирале да ја убијат и сестрата на Вања!

Следно

Јанкуловска на Бадник со синот Петар и сопругот Влатко

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop