Српска амбасада во Скопје: „Олуја“ е најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна

August 4, 2025
1 min read

На 4 август се навршуваат точно 30 години од хрватската воена операција „Олуја“, која српската заедница ја смета за најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна. По повод годишнината, Амбасадата на Република Србија во Скопје објави соопштение во кое потсетува на страдањата на српскиот народ и на демографската катастрофа што ја предизвика операцијата.

Во соопштението се вели дека во само неколку дена, од подрачјата на Банија, Лика, Кордун и северна Далмација – територии на поранешната Република Српска Краина – биле протерани повеќе од 250.000 Срби, принудени да ги напуштат своите вековни огништа.

Сѐ уште не е прецизно утврден бројот на жртви, но на списокот на загинати и исчезнати се наоѓаат 1.852 лица. Уништен е огромен број домови и објекти: над 25.000 куќи, 13.000 други објекти, 78 православни цркви и 181 православни гробишта. Цели заедници биле избришани од просторите каде што со векови живееле.

Според податоците на Амбасадата, пред војната, во 1991 година, во Хрватска живееле над 580.000 Срби (12,2% од населението), додека според пописот од 2021 година нивниот број се намалил на само 123.892 (3,2%).

„Додека Србија и Република Српска овој датум го обележуваат како Ден на сеќавање на настраданите и прогонетите Срби, во Хрватска тој се слави како ‘ден на победата’ – контраст што најболно сведочи за длабочината на трагедијата и предизвиците во процесот на вистинско помирување,“ стои во соопштението.

Српската амбасада потсетува и на историскиот континуитет на страдањата на српскиот народ на територијата на денешна Хрватска, посочувајќи ги масовните злосторства во Втората светска војна во системот на концентрациони логори на Независната Држава Хрватска, од кои најстрашен симбол останал логорот Јасеновац.

„Олуја не е изолиран настан, туку продолжение на историјата на обиди за бришење на српското присуство од тие простори. Таа е потсетник на трајноста на еден проект кој, и денес, се одразува низ молчење, негирање и системска дискриминација,“ наведува Амбасадата.

Во заклучок, се подвлекува дека политиката на Република Србија е насочена кон мир, стабилност и помирување во регионот, со доследно залагање за почитување на меѓународното право. „Не зборуваме за ‘Олуја’ поради минатото, туку поради иднината. Без вистина, почит кон сите жртви и правда – не може да има вистинско помирување,“ се истакнува во пораката.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе има ли санкции за дебаклот во организацијата на младинската олимпијада?

Следно

НАЈАВА: Големо невреме се очекува во Скопје, Куманово, Битола, Струмица и Охрид

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop