Средношколците од дуални паралелки кои одат на пракса, задолжително ќе мора да добиваат парична надокнада

December 22, 2024
1 min read

Компаниите во кои работат средношколци од дуални паралелки, ќе мора да обезбедат дополнителна парична надокнада за нив додека им трае средното образование. Ова го предвидуваат измените на законот за средно образование, со кои освен државната стипендија која ја добиваат, средношколците од компаниите ќе добиваат и плата. Дел од фирмите, овој модел веќе почнале да го применуваат. Бојана Димовска е директорка на една таква компанија со странски капитал, која произведува медицинска опрема и соработува со државното средно стручно училиште од Велес. Вели дека ефектот од овој потег никој не го очекувал.

За пет години, бројката на компании вклучени во дуалното образование порасна од 10 на 500. За Стопанската комора, која заедно со швајцарската амбасада е партнер на државата во овој проект наречен „Образование за вработување“, ова е вистинскиот пат фирмите да добијат компетентен и обучен кадар, а младите луѓе вработување со пристојна палата, веднаш по завршувањето на средното обрзование.

За да се унапреди дуалното образование, Министерството за образование бара од општините информации за потребите на пазарот на труд. На тој начин ќе се овозможи вработување на младите и нивно останување во земјава, вели министерката за образование Весна Јаневска.

Дел од училиштата добиваат и грантови за подобрување на условите за учење, па така државното средно Коле Неделковски од Велес доби половина милион евра, пари со кои се опремува машинската работилница во училиштето. Во моментов, 62 училишта со 235 паралелки спроведуваат дуално образование во земјава, во кои се опфатени околу 4000 ученици.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Тежок удар за хрватскиот голман, изнесен од теренот со Брза помош

Следно

24 интервју со Волфганг Ресман: Германија пред избори

Latest from Blog

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност
Go toTop