Средношколци од Нови Сад повикуваат на бојкот на наставата и протест

September 1, 2025
1 min read

Средношколци од Нови Сад денес, 1 септември, ги повикаа сите ученици кои посетуваат втора смена да ја бојкотираат наставата.

Засега причината за овој повик на бојкот не е јавно соопштена.

Покрај тоа, за денеска, 1 септември во 19 часот, најавено е и протестно собирање на учениците.

Протестот ќе се одржи во кампусот на Универзитетот во Нови Сад, под мотото „Средношколци паметат“.

Како што беше најавено, оваа акција се организира во спомен на десет месеци од уривањето на покривот на железничката станица. На настанот свој глас ќе дадат и студентите кои се во блокада на факултетите на Универзитетот во Нови Сад.

Извор: 021.rs

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Готово е! Комплетиран е најголемиот трансфер во историјата на Премиер-лигата

Следно

Меџити: Турски експерти ќе работат на урбанистичкиот Мастер план за Чаир

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop