Средба на претседателот Пендаровски со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

November 22, 2023
1 min read

реклама


Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ кој е во посета на Република Северна Македонија по повод учеството на неформалениот состанок на лидерите на НАТО сојузници од регионот, којшто се одржува во Скопје.

На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу двете држави, соработката на регионален и мултилатерален план, за европските перспективи на нашата земја и состојбите во регионот на Западен Балкан.

реклама

Во таа насока, беа разменети информации за безбедносните прашања во поширок контекст, како и за руската воена агресија против Украина и активностите во регионот.

Двајцата соговорници ја потврдија посветеноста за продлабочување на традиционалното пријателство и јакнење на регионалната соработка и изразија подготвеност за продолжување на конструктивната соработка во рамки на НАТО. Претседателот Пендаровски се заблагодари за принципиелната поддршка од Хрватска на македонските евроинтеграции.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамас: Договорот за хуманитарна пауза во Газа почнува утре во 10 часот

Следно

Ова нѐ засега и нас: ЕП смета дека нема да има проширување без да се укине одлучувањето со консензус

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop