Средба на директорот на Фондот на пензиското осигурување, Мемов со претставници на Мисијата на ММФ, предводени од Ает Кјобе

February 18, 2025
1 min read

Директорот на Фондот  за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов денеска имал средба со претставници на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, предводена од шефот на мисијата Анет Кјобе.

Мемов нагласил дека Фондот минатата година ја завршил согласно предвидените параметри, а пензиите се редовно исплаќани. Тој додал дека се прибрани повеќе средства по сите основи, а буџетскиот дефицит изнесувал 36.7 проценти и е помал, споредено со претходните години.

„Претставниците на ММФ се интересираа дали во проекциите на буџетот за оваа година се предвидени доволно пари за исплата на зголемените пензии и предвиденото усогласување или тоа ќе се направи со ребалансот на буџетот во јуни. Директорот на Фондот, Мемов кажа дека зголемувањето на пензиите од 2500 денари  во март, како и усогласувањето во септември кое се очекува да биде  помеѓу три и четири проценти,  се предвидени во буџетот на Фондот за 2025 година“, се наведува во соопштението од Фондот.

Шефот на Мисијата, Анет Кјобе нагласил дека  разговорите во Фондот се исклучително плодни и ќе придонесат во нивните размисли за идните предлози за подобрување на ситуацијата со пензискиот систем.

Во однос на  тоа дали треба или не да има промени во пензискиот  систем, директорот Мемов посочиле дека Фондот ги применува политиките на Владата, а идеите за подобрување треба да произлезат со дискусија на сите засегнати страни. Мемов нагласил дека ММФ со своето искуство може да придонесе  во подобрувањето  и консолидацијата на буџетот со нивни предлози, кои не мора да се однесуваат само на зголемување на старосната граница и на стапката на придонеси.

„Членовите на Мисијата исто така рекоа дека во рамките на оваа посета ќе имаат презентација за состојбата во пензискиот систем,  со точна проекција на трошоците и со сугестии каде и како  може да се направат заштеди, како и  компаративна анализа со земјите од регионот“, се вели во соопштението и се додава дека двете страни на крајот изразија задоволството од остварената средба и надеж дека идната соработка ќе биде на обострано задоволство.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аврамовски во тимот на колото: Два гола и асистенција за македонскиот фудбалер во турската Лига 1

Следно

Николоски ќе присуствува на глобалниот состанок на добавувачи и логистика на дивизијата за автомобилска електроника

Latest from Blog

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop