Средба на Димитриеска-Кочоска во Трезорот на САД – Техничката поддршка на експертско ниво корисна за унапредување на процесите во управувањето со јавните финансии

October 24, 2024
1 min read

Техничката помош на Трезорот на САД е добредојдена и корисна во унапрдувањето на управувањето со јавните финансии. Со експерти од Трезорот на САД се работи во повеќе сектори во Министерството за финансии, Царинската управа и Управата за јавни приходи, а се темели врз основа на потпишан Договор помеѓу МФ и Канцеларијата за техничка помош на МФ на САД. Ова беше констатирано на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со заменик-помошник секретарот во Трезорот на САД Лијен Трен,  Ребека Горин од Канцеларијата за Европа и помошници директори коишто се инволиврани во активностите во земјава.

„Постоечкиот систем на планирање на буџетот и процесите е развиен со техничка помош од МФ на САД во перидоот 2004-2008 година, а сега се работи на подобрување на тие процеси. Со експертите од Трезорот на САД се работи во повеќе области и сектори во МФ. Се работи на подготовка на нацрт-верзии на клучните документи за планирање и извршување на буџетот, коишто произлегуваат од новиот Закон за буџети. Зајакнување на надзорот на небанкарскиот финансиски сектор, преку зајакнување на капацитетите на секторот во МФ, како и  со цел зајакнување на заштитата на потрошувачите и финансиската писменост. Исто така, експертите работат и во делот на управувањето со јавниот долг и слично. Сето тоа е особено важно за нас за унапредување на процесите преку коишто ќе се зголеми ефикасноста во прибирање на приходите во буџетот и управување со прибраните средства“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека со Договорот се опфатени и се спроведуваат активности и во Управата за јавни приходи и Царинската управа, каде се работи на зајакнување на капацитетите, дигитализација на процесите, како и сајбер безбедност и борба со криминалот.

На средбата министерката изрази благодарност за поддршката што ја дава САД на земјата, при што беше изразен интерес соработката на експертско ниво и техничка поддршка да продолжи и во наредниот период со цел натамошно зајакнување на целокупниот систем на јавните финансии.

Министерката за финансии средбата ја одржа за време на работната посета на САД, каде учествува на Годишните средби на ММФ и Светска банка, а ќе оствари средби и со високи претставници на овие меѓунродни финансиски институции.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најстудено утрово во Берово со минус три степени, најтопло во Крушево со осум

Следно

Претседателот Костадиновски и судии на Уставниот суд се сретнаа со потпретседателот на Венецијанската комисија, Мартин Кауер

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Артета: Многу тажен ден…

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, мирно го коментираше поразот од 2-0 од Манчестер Сити во финалето на Карабао Купот. „Ме боли, особено за нашите играчи и навивачи, бидејќи навистина сакавме да го
Go toTop