Претседателот Костадиновски и судии на Уставниот суд се сретнаа со потпретседателот на Венецијанската комисија, Мартин Кауер

October 24, 2024
1 min read

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судиите Осман Кадриу и Татјана Васиќ-Бозаџиева остварија средба со потпретседалот на Венцијанската комисија, Мартин Кауер.

Средбата се одржа пред почетокот на Меѓународната конференција на Балканскиот форум на уставни судови, на која присуствува делегацијата од Уставниот суд.

Претседателот Костадиновски искажа задоволство за досегашната соработка и поддршката од Венецијанската комисија и изрази подготвеност за интензивирање на соработката.

„ Улогата на Венецијанската комисија е исклучителна во обезбедувањето на фундаменталните права и уставната правда. Правните стандарди и добрите практики кои ги развива преку правните мислења и т.н пријателски мислења (Amicus curiae opinions) се особено значајни во постапките и работењето на Уставниот суд на Република Северна Македонија, истакна Костадиновски на средбата.

Претседателот Костадиновски го запозна Кауер со актуелностите и предизвиците со кои се соочува Судот, како и со новините кои се воведени со Актот на Уставниот суд кој почна да се применува од Септември оваа година.

Потпретседателот на Венецијанската комисија, Кауер ги поздрави приоритетите на Костадиновски кои се во насока на зајакнување на владеењето на правото и истакна:

„Венецијанската комисија е посветена на трите основни принципи на европското уставно наследство: демократијата, човековите права и владеењето на правото, кои се истовремено основа на сите активности кои ги презема Советот на Европа. Подготвени сме за потесна соработка со Уставниот суд и особено ја ценам вашата посветеност кон вредностите и принципите кои ги делиме и поддржуваме”.

Средбата се одржа на 23 октомври, во Приштина, на маргините на Втората годишна конференција на Балканскиот форум на уставни судови, на која присуствува делегацијата предводена од претседателот на Уставниот суд. Според Агендата предвидено е свое обраќање на Конференцијата денеска да има претседателот Костадиновски на темата „Уставните судови како чувари на демократските вредности и принципи: рамнотежа помеѓу извршната, законодавната и судската власт во современите општества”.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на Димитриеска-Кочоска во Трезорот на САД – Техничката поддршка на експертско ниво корисна за унапредување на процесите во управувањето со јавните финансии

Следно

Во Казан започна последниот ден од Самитот на БРИКС

Latest from Blog

Над 13 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со благ раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 21.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.426,80 поени. Во

Халанд донесе одлука за својата иднина

Фото: Ерлинг Халанд Х Ерлинг Халанд им кажал на своите претставници засега да ги стават на чекање сите разговори за можен трансфер. Норвешкиот напаѓач не сака да го напушти Манчестер Сити ова

Николоски: Македонија добива нови авионски линии и подобра поврзаност со Европа

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека македонскиот авиосообраќај бележи значителен раст, истакнувајќи дека компанијата „Визер“ го поставува својот седми авион во базата на Меѓународниот аеродром Скопје. Според Николоски, ова

Проданоски: Кога е најпотребно, Прилеп знае да помогне

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати повик до граѓаните, институциите и компаниите да се вклучат во хуманитарната акција за донирање флаширана вода за пиење за жителите на Гостивар, кои се соочуваат

САД започнаа нови напади врз Иран, Трамп предупредува на одмазда за смртта на војниците

Нападите – 10-та последователна ноќ  – доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го казни Иран за смртта на американските војници.трамп претходно изјави дека Иран бил погоден „многу силно“ претходната
Go toTop