Средба Ковачевски – Варадкар: Северна Македонија треба побрзо да ги почувствува придобивките од членството во ЕУ

October 5, 2023
1 min read

реклама

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на маргините од третиот Самит на Европската политичка заедница, во Гранада, Шпанија оствари средба со премиерот на Ирска, Лео Варадкар.

На средбата беa потврдени пријателските односи меѓу двете држави, кои се без отворени прашања, како и заинтересираноста  за натамошно унапредување на
односите и интензивирање на соработката меѓу Северна Македонија и Ирска во сите домени од заеднички интерес, пред сè на економски план.

реклама

Премиерот Варадкар истакна дека Ирска цврсто ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, и воедно е меѓу најголемите поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ. На средбата од страна на ирскиот премиер беа посочени придобивките кои Ирска ги има како земја членка на ЕУ, истакнувајќи дека таквите придобивки важни за напредок и развој треба да ги почувствуваат и останатите земји. Во таа насока Варадкар посочи дека Северна Македонија веќе предолго чека на тој пат.

Соговорниците разменија мислења за актуелните политички случувања во земјата, во контекст на промената на Уставот, пришто беше заеднички потврдено дека тоа ќе претставува практично придвижување на Северна Македонија на европскиот пат.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Распродаден македонскиот навивачки сектор за натпреварот против Украина во Прага

Следно

Ковачевски во Гранада: Соработката и стратешкото делување во процесот на дигитализација ќе придонесе за забрзана евроинтеграција, економски и технолошки развој на Западен Балкан

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop