Средба Бајден – Трамп: Американскиот претседател очекува „мирна транзиција“

November 13, 2024
1 min read

Претседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека со нетрпение очекува „мирна транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник и наследник да биде соодветно прифатен при повторното преземање на Белата куќа во јануари.

– Па, г-дине избран претседател, поранешен претседател, Доналд, рече Бајден додека Трамп седеше до него пред камин во Овалната канцеларија. „Честитки“, додаде тој,

Бајден му рече „добредојде назад“ на  Трамп, по што двајцата се ракуваа.

Трамп одговори: „Политиката е тешка и често не е многу пријатен свет, но денеска е убав свет и многу го ценам тоа“.

Нивната средба потоа продолжи зад затворени врати. 

Последен пат кога Трамп беше во Овалната канцеларија, напиша двостранично писмо за Бајден и го остави во фиока во работното биро.

Тој денеска повторно се врати во Белата куќа, но под значително променети околности, уживајќи во своето враќање на власт.

Претходно денеска, Трамп се обрати пред Конференцијата на републиканците во Претставничкиот дом, фалејќи ги своите постигнувања на изборите и нарекувајќи го собирот „многу убав.“

Членовите почнаа да аплаудираат и сите станаа кога Трамп влезе. Спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, ја пушти музиката за негово влегување. Илон Маск влезе по Трамп, помина преку подиумот и беше придружен до седиште во првиот ред.

– Не е ли убаво да се победи? Убаво е да се победи. Секогаш е убаво да се победи. Многу добри пријатели во оваа просторија, рече тој.

Додека новинарите заминуваа, Трамп се пошегува: „Мислам дека нема повторно да се кандидирам, освен ако не кажете, ‘Тој е толку добар, мора да смислиме нешто друго.’“

Оваа забелешка предизвика смеа низ салата, а тој додаде: „Луѓето што сега заминуваат ќе пишуваат дека јас го кажав тоа.“

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Магла на патниот правец Градско – Плетвар

Следно

Трипуновски: Мојата цел е активирање на младите во земјоделскиот сектор преку низа на мерки

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop