Србија против насилството: Повторно протест поради “изборната кражба“

January 26, 2024
1 min read

Новиот протест на опозициската коалиција „Србија против насилството“ поради, како што тврди, кражбата на гласови на декемвриските избори во Србија, ќе започне вечерва во 18 часот пред Уставниот суд во центарот на Белград.

„Барањето до Уставниот суд да одлучува за изборниот спор со кој се бара поништување на републичките избори, нашиот адвокатски тим ќе го поднесе претходно истиот ден и ги повикуваме судиите на Уставниот суд да работат во интерес на државата и народот, а не во интерес на режимот на (претседателот на Србија) Александар Вучиќ“, се наведува во соопштението.

Таа коалиција, која бара повторување на републичките и белградските избори одржани на 17 декември, најави и одење на протестна поворка до блиското седиште на Радио-телевизија на Србија (РТС), која, според опозицијата, не известува објективно и во корист на сите граѓани, туку исклучиво ја пропагира власта и бара како јавен сервис кој го плаќаат сите граѓани, РТС да известува за „докажана изборна кражба и прекројување на волјата на народот“ на декемвриските избори.

Коалицијата „Србија против насилството“ ја сочинуваат Партијата за слобода и правда (СПП), Демократската партија, Народното движење на Србија, Еколошкото востание, Зелено-левичарскиот фронт, Србија центар, партијата Заедно, Движењето на слободните Граѓаните, Движењето за пресврт, синдикатот „Слога“ и движењето Новиот лик на Србија. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози

Следно

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 14 Палестинци, десетици се ранети

Latest from Blog

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа
Go toTop