Србија: Нема загинати и повредени при тонењето на сплав во Белград

December 24, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Началникот на Секторот за вонредни ситуации на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Лука Чаушиќ, потврди дека нема жртви ни повредени на сплавот „Картел“ во Белград, кој синоќа по полноќ почна да тоне, јавува Анадолу.

Тој изјави дека белградскиот сплав почнал да тоне во моментот кога на него се наоѓале неколку стотици млади луѓе.

Тој додаде дека по дојавата испратени се 30 пожарникари-спасувачи со 11 возила, чамци и специјална екипа за спасување и работа на вода.

Припадниците на Секторот за вонредни ситуации евакуирале 114 лица.

Српските медиуми објавија дека на сплавот имало повеќе стотици млади луѓе, а итната помош згрижила десет малолетници и им ги предала на родителите, додека двајца 17-годишници се однесени во Воено-медицинска академија (ВМА) поради алкохолизам.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Други држави врбуваат кадар низ земјава со амин на нашата Агенција за вработување

Следно

Исфрлаа гости, почна тепачка, настана метеж и сплавот почна да тоне – сведочи младо момче за настаните на „Картел“

Latest from Blog

Хоџа: Преку партнерство со ЕУ до посилна заштита на природното богатство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,
Go toTop