Србија купува 12 нови авиони Рафал од Франција за 2,7 милијарди евра

August 29, 2024
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше на прес-конференција по средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон, каде што ги објасни деталите од состанокот и договорите што беа потпишани.

На почетокот на конференцијата, Вучиќ изјави дека разговорот бил долг.

– Имавме долги разговори и ќе продолжиме со нив до доцна во ноќта. Разговаравме за сите важни стратешки прашања, како билатералната соработка, така и за нашиот пат кон ЕУ и стратешките односи во светот и Европа. Му се заблагодарив за поддршката што Франција ја пружа на европскиот пат на Србија, но исто така сум благодарен за сè поголемите инвестиции и сè поголемата соработка што ја имаме во различни сфери на животот, наведе Вучиќ. Едно од прашањата за кои се разговараше беше и нуклеарната енергија.

– Србија за 10 години нема да има доволно електрична енергија ако не користи нуклеарна енергија. Во тоа вложуваат многу земји од ЕУ и учат од францускиот пример. Тие 70 отсто од енергијата ја добиваат преку нуклеарни реактори. Станува збор за чиста енергија, истакна претседателот на Србија.

Потоа се осврна на најважниот дел од средбата.

„Големата вест е купувањето на Рафал авиони. Ќе видите, ќе бидеме сосема отворени. Договорот е потпишан со логистички пакет. Од резервни мотори до сè друго. Вкупната вредност е 2,7 милијарди евра. Дванаесет сосема нови авиони ќе бидат во сопственост на Србија. Ова е огромна вест и ќе значително ќе придонесе на оперативните способности на нашата армија. Благодарност до Макрон што ни овозможи да купиме нови Rafale авиони и веруваме дека тоа не беше лесно. Веруваме и во добра соработка на нашите армии во иднина. Во 2024 и 2025 година ќе исплатиме по 15 отсто од буџетот, по 421 милион евра. Нема да го зголемиме уделот на јавниот долг во БДП на Србија, порача тој.

На крајот, Вучиќ рече дека разговарале и за ситуацијата во Европа и регионот.

– Мене не ми е срам, за разлика од многумина, да зборувам отворено и искрено со Макрон. Тој е еден од луѓето кои може да слушне различно мислење и мислам дека е важно да дојдеме до мир што побрзо. Изразив желба ситуацијата во регионот да биде целосно стабилна и сигурна. Верувам дека ќе имаме значајна поддршка од Франција во ова прашање, заклучи Вучиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Захарова: Иницијативата на Путин е универзален рецепт за решавање на конфликтот во Украина

Следно

Пожар- Гори околу Смилковско Езеро (ВИДЕО)

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop