Србија и Унгарија ќе ги поканат С Македонија и регионот да се приклучат кон изградбата на брза пруга

March 28, 2023
1 min read

Верувам дека тоа е во интерес и на ЕУ, која сака европскиот континент да биде поврзан, Грција е членка на ЕУ и ние ќе влеземе во ЕУ, вели српскиот министер Весиќ кој вели дека ова од аспект на железничкиот сообраќај ќе биде еден вид „Отворен Балкан плус“

Горан Весиќ и Јанош Лазар

Србија и Унгарија ќе ги поканат Северна Македонија, Бугарија, Албанија, Грција и Турција да се приклучат кон изградбата на брзата пруга.

Ваква вест пренесоа дел од српските медиуми по денешната средба на српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, со унгарскиот колега, Јанош Лазар, во Будимпешта.

Брзата пруга првично треба да ги поврзе Белград и Будимпешта, а денеска е разговарано за нејзино продолжување кон македонската граница.

„Разговаравме за продолжување на брзата пруга кон Ниш, а подоцна и кон македонската граница. Се договоривме заеднички да потпишеме една иницијатива и да испратиме покана до министрите за транспорт на Турција, Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Грција и да разговараме за продолжување на брзата железница кон Албанија, односно преку Северна Македонија кон Грција и преку Бугарија кон Истанбул, така што брзата железница навистина би имала смисла и ќе ги поврзе нашите две земји со турскиот и грчкиот брег за патнички и карго сообраќај“,

изјави Весиќ.

Според него, оваа иницијатива се совпаѓа со иницијативата Отворен Балкан и кога станува збор за железничкиот сообраќај, вели Весиќ, може да биде еден вид „Отворен Балкан плус“.

За нас, рече Весиќ, е важно да се поврземе со Скопје и Тирана, Солун и Исанбул, а важно е и за Унгарците.

„Верувам дека тоа е во интерес и на ЕУ, која сака европскиот континент да биде поврзан, Грција е членка на ЕУ и ние ќе влеземе во ЕУ. На последниот состанок на Отворен Балкан имаше и претставници на Турција и Унгарија, а се огласија и претставници на Грција. Отворен Балкан станува се позначајна иницијатива, а тие и другите соседни земји кои не можат да станат членки, бидејќи се веќе во ЕУ, бараат да бидат набљудувачи бидејќи гледаат потенцијал во тој процес. Ова е како ’Отворен Балкан плус‘“,

објасни Весиќ.

Унгарскиот министер Јанош Лазар, исто така, рече дека Унгарија е заинтересирана за продолжување на брзата пруга јужно од Белград, во три правци, преку Бугарија во правец кон Турција и преку Северна Македонија во правец кон Грција, односно кон Албанија, да ја прошири мрежата на брзи железници и на овој начин стоката со железница значително полесно може да се транспортира во ЕУ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Португалија: Две лица загинаа во напад во исламски центар во Лисабон

Следно

Кумановка нападнала малолетник во Кисела Вода

Latest from Blog

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални

Флик искрен: ПСЖ покажа дека во моментов е подобар тим од нас, имавме што да научиме од овој меч

Барселона ја започна сезоната со серијата од 11 победи по ред, а перфектниот низ беше прекинат во Париз, каде каталонскиот гигант загуби од ПСЖ со 4:2 Веднаш по мечот, тренерот на Барселона

Фенербахче во Истанбул шокиран во 90 минута, Борусија Дормтунд победнички на гостински терен

Третото коло во Лига на шампиони започна со два меча кои завршија со многу погодоци на двете страни. Фенербахче пред своите навивачи одигра нерешено 2:2 против над Славија Прага, во меч на

Над 15 милиони денари промет на Берзата: Најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 20.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.869,50 поени. Во однос
Go toTop