Србија гради масовно и брзо за да биде подготвена за ЕКСПО 2027, НАЈГОЛЕМ БИЗНИС САМИТ ВО РЕГИОНОТ

December 9, 2025
1 min read

На местото каде што ќе се одржи Меѓународниот специјализиран саем EXPO 2027 во 2027 година, се работи со полна пареа а на градилиштето се постојано пистутни околу 3.700 работници. ЕКСПО е најголема инвестиција на Србија и оттаму се очекува најголем приход од било кој стопански усбјект од државата,

Каде и да погледнете, машините и работниците се движат, бидејќи истовремено се градат неколку големи единици: Националниот стадион, станбениот комплекс „Expo Village“, изложбените павилјони, хотелот, а особено националниот павилјон на Србија, заедно со многу потребни придружни објекти.

Првите станови во комплексот наскоро ќе бидат завршени. EXPO Village има 11 згради на 160.000 бруто квадратни метри со 1.500 сместувачки единици, градинки, амбулатни, саемски дворани, трговски и бизнис единици, како и државен фудбалски стадион со околу 55.000 места.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и министерот за финансии, Синиша Мали, неодамна го посетија градилиштето во Сурчин за да видат како напредуваат работите на местото каде што ќе се одржи големата меѓународна изложба.

„Најголемото градилиште во овој дел од Европа, кое се простира на над 110 хектари и гордост на Србија – EXPO, полека станува град во град, што верувам дека ќе го завршиме до септември. Веќе можете да ги видите контурите на седум EXPO сали и тоа дава сосема поинаква слика за овој дел од градилиштето“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Синиша Мали објави на Инстаграм откако го посети ова градилиште.

„Дури и не ги бројам патите што ги посетивме работниците, проверивме како напредуваат работите, како работат и градат на најголемото градилиште во овој дел од Европа“, објави Мали на таа социјална мрежа.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Успех за паметење: Каратистите од Битола одат на Европско првенство

Следно

Коњановски: Со инвестиции во училиштата ги подобруваме условите за учениците во Битола

Latest from Blog

Божиновска: Пред студентите во Виена ги претставивме приоритетите на македонската енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија, на кое разговараше за енергетската иднина на Македонија и предизвиците со кои се соочува секторот.

ПРЕМИЕРОТ ПОПУШТИ ПРЕД БАРАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ – Итно ангажирани 3.000 наставници

Француската влада конечно попушти под притисокот од двонеделните масовни ученички протести кои ја потресоа земјата – премиерот Себастиен Лекорну најави итно ангажирање на повеќе од 3.000 наставници во училиштата кои се соочуваат

Ligji për Specialen: Çfarë pritet më tutje?

Kuvendi i Kosovës i miratoi më 6 tetor ndryshimet në Ligjin për Dhomat e Specializuara dhe Zyrën e Prokurorit të Specializuar, pasi katër ish-krerë të Ushtrisë Çlirimtare të Kosovës u dënuan më

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop