Србија без Влаховиќ на гостувањето во Москва

March 18, 2024
1 min read

Напаѓачот на Јувентус и репрезентацијата на Србија, Душан Влаховиќ ќе го пропушти пријателскиот натпревар со руската репрезентација, информира Фудбалскиот сојуз на Србија на социјалната мрежа Х.

Српскиот селектор Драган Стојковиќ нема да може да смета на услугите на Влаховиќ кој се пожалил на повреда по завршувањето на вчерашниот натпревар со Џенова.

Влаховиќ вчера доби црвен картон на натпреварот од 29. коло на Серија А против Џенова (0:0). Србинот беше исклучен во 90+3. Минута поради неспортско однесување.

Натпреварот Русија – Србија е закажан за 21 март на „ВТБ Арена“ во Москва.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

20-годишник тешко повреден, излетал со мотоцикл од коловоз во Чешиново

Следно

„Јас сум како ајкула“: Моника Белучи ја откри тајната на својот беспрекорен изглед

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop