Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи – против три лица поднесени кривични пријави

August 7, 2025
1 min read

Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи – против три лица поднесени кривични пријави

Златен накит вреден 1,3 милиони денари е запленет од мобилен царински тим при контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Богородица. Во случајот се осомничени две патнички кои патувале на релација Турција – Македонија, а против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за криумчарење.

При контрола на багажот и личен претрес, кај патничките било пронајдено злато од 22 и 14 карати, во вкупна тежина од 304 грама како и сертификати за гаранција на златото. За овој накит, требало да бидат платени 481 илјада денари давачки кон државата. Двете лица се македонски државјанки со живеалиште во Холандија.

Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое по спроведување на предистражни дејствија ќе поднесе кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за криумчарење 210 вијали со ботулински токсин за инјектирање – супстанца која се користи во медицината и е под строг режим на увоз.

Инјекциите биле откриени при контрола на автобус што сообраќал на релација Истанбул – Призрен. Во патната торба на осомничениот патник биле пронајдени 170 вијали DYSPORT 500 и 40 вијали MASPORT 500, и двете со ботулински токсин тип А.

Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за криумчарење против лицето до надлежното Основно јавно обвинителство, а производите се запленети.

44 пакувања со вкупно 2.580 капсули суплементи „Afye“ се запленети на Меѓународен Аеродром Скопје, откако биле пронајдени во куферот на холандски државјанин, кој, пристигнувајќи со лет од Измир, се упатил кон зелениот канал со намера да ја избегне царинската контрола.

Вкупно 144 делови за земјоделски машини се откриени при контрола на камион на влез во државата, спроведена од страна на Службата за мобилни скенери на граничниот премин Табановце. Деловите за земјоделски машини биле скриени во торби, сместени во кабината на камионот.

Запленети 21 штека цигари, пронајдени во фабричка празнина под приколката на празен камион-кипер со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничен премин Богородица.

На граничниот премин Дојран, мобилен царински тим заплени 128 пара обувки со потпис на заштитени трговски марки, поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.

Случајот е откриен при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово.

При контрола на пратка со потекло од Дубаи, пријавена за увозно царинење, царинските службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје открија 74 ремчиња за смарт часовници, кои не биле опфатени со царинските документи. Стоката наменета за увозник од Скопје е запленета, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна постапка.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Годинава ќе заборавиме како изгледа Ајвар

Следно

Анкета: 80% од Германците се против смртоносната воена кампања на Израел во Газа

Latest from Blog

Еден од најмоќните луѓе во Иран, Али Лариџани, ликвидиран во напад

Али Лариџани, син на шиитски правник, во текот на својата кариера извршувал повеќе високи функции во Исламската Република Иран, најново како секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Лариџани беше

Со фалсификувани документи за „Мерцедес-Мајбах“, државниот буџет оштетен за 1,9 милиони денари

Луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што државниот буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари, откри Одделението

БИЗНИСМЕН СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО НА ДОНАТОРСКА ВЕЧЕРА ВО ВИЛАТА НА ТРАМП: Никола Андреевски на настан за кандидат за Конгресот на САД

Американскиот бизнисмен со македонско потекло Никола Андреевски од Чикаго присуствуваше на донаторски политички настан во познатата резиденција Мар-а-Лаго, која е во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп. Настанот бил организиран како поддршка

ЛШ – 1/8 финале: Сити и Челзи во (не)возможна мисија, Бодо/Глимт става печат на пласман во четвртфиналето!(ФОТО)

фото:facebook.com/mancity Вечерва се играат четири реванш натпревари од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. И повеќе од јасно е дека сите погледи ќе бидат свртени кон „Етихад“ каде Манчестер Сити го дочекува
Go toTop