Спортски игри Велес 2024 по трет пат: Од 4-8 јуни бидете во градскиот парк во Велес

May 22, 2024
1 min read

Спортски игри Велес претставува најголем спортски настан во државата, уникатен настан во кој 5 спорта се одржуваат во исто време и на исто место.

Спортовите во кои пријавените професионални спортисти ги одмеруваат силите се: одбојка на песок во машка, женска и микс конкуренција, мал фудбал, тенис, 3×3 баскет во машка, женска и јуниорска конкуренција и е-спорт.

Градскиот парк во Велес е премал да ги собере сите љубители на спорт во текот на петте дена. Со над 500 спортисти пријавени за овогодинешните Игри, можеме да најавиме присуство на екипи од Шпанија, Полска, Србија, Чешка, Украина, Бугарија, Албанија итн., со што овој настан го добива и епитетот интернационален.

Спортското здружение СПОРТСКИ ИГРИ Велес Ве поканува да бидете дел од големиот спектакл кој годинава се одржува од 4-8 јуни. Сите спортски натпревари се бесплатни за публиката, а организатор на игрите е Евентиве ДОО Велес и Спортското здружение Спортски игри Велес со апсолутна логистичка поддршка од Општина Велес.

Службите на Општина Велес и ЈКП „Дервен“  заедно со организаторите веќе една недела  интензивно работат на подготовка на терените и опкружувањето во Градскиот парк со цел создавање на одлични услови за враќање на спортскиот дух во градот.

5 ДЕНА СПОРТ, 5 ДЕНА ЗАБАВА!

ПОВЕЌЕ ОД ТУРНИР

Спортски Игри Велес се повеќе од турнир. Игрите се вбројуваат меѓу најдобрите и најпопуларни спортски настани во Македонија, привлекувајќи илјадници млади луѓе од целата територија на Европа од година во година.

Спортски Игри Велес е годишен голем настан под покровителство на Евентиве. Д.О.О и Спортското Здружение Спортски Игри Велес, кој расте и се развива уште од неговото првично одржување во 2022 година. Затоа, со текот на годините, Спортски Игри Велес имаат визија да ги надминат своите граници и се претворат во глобално движење во спортските европски центри. Спортски Игри Велес се симбол за многуте позитивни вредности и димензии поврзани со спортот: почит, фер игра, одговорност, соработка, тимска работа, размена и пријателство, вежбање и здравје.

ЕДЕН СВЕТ – ИЛЈАДА ПРИЈАТЕЛИ

Срцето на Спортски Игри Велес е меѓународното пријателство и културната размена преку спортот. Секој од нашите учесници – било да е поранешен или иден, било да е играч, тренер, волонтер или судија – е дел од семејството на спортските игри.

Ние ги поврзуваме младите во светот преку спортот како нивна заедничка страст. Уникатната атмосфера на Спортски Игри Велес создава незаборавни моменти за нашите учесници, а во исто време Игрите обезбедуваат платформа за запознавање луѓе од различни делови на светот, стекнување нови пријатели и градење контакти и мрежи за размена. Уживањето во спортот и слободоумната средба на културите се јадрото на Игрите.

Покрај турнирите, обемната споредна програма обезбедува забава за сите учесници и постетители. Комбинацијата на одлични најсовремени места како што е градскиот парк во Велес и меѓународниот карактер на настанот додава уникатен шмек и им нуди на нашите учесници совршена комбинација на спорт, размена, авантура и одмор.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

„КАСАПСКО ОРО“ Е ЗА ТОА КОЛКУ Е ТЕШКО ДА ОСТАНЕШ ЧИСТ, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ СРЃАН ЈАНИЌИЈЕВИЌ ЗА ДЕБИТАНТСКИОТ ФИЛМ

Следно

Турската групација Пекер Холдинг отвори фабрика за земјоделски роботи во Словенија

Latest from Blog

На опожареното складиште во Трубарево поставена е мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна

Бранислав Светозаревиќ ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни. „За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината.

Коста Хиохи на чело на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Коста Хиохи, спортски визионер, професор и долгогодишен активист, ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга за претстојните локални избори. „Горд сум што имам чест да предводам листа составена од

Меџити: Поставена мерна станица во Трубарево за 24-часовен мониторинг на воздухот

Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои
Go toTop