Споменикот на Ќосето преку ноќ се врати пред очите на скопјани

July 28, 2025
1 min read

Утрово Град Скопје во кусо соопштение без детали информира дека споменикот на Ќосето повторно е поставен.

„Со поставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија“, соопшти утрово Град Скопје.

„Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Инаку овој т.н. „неуморен дух“ и „саможртва“ е познат во историјата како ликвидатор на ВМРО, кој покрај многумина други си го убил и брата си.

Споменикот е поставуван ноќе на кружниот тек кај хотелот „Континентал“, каде е изграден нов бетонски постамент, на кој е поставена скулптурата на Ќосето, прикажан со кама во рака.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во 2023 година почна постапка да го врати споменикот на Андон Лазов-Ќосето кој беше поставен пред комплексот судови во Скопје. Таа бараше споменикот да биде поставен на нова локација кај хотелот „Континентал“ односно на крстосницата помеѓу булеварот Александар Македонски и булеварот Беласица, североисточно од кружниот тек.

Контроверзниот споменик од пред комплексот судови го отстрани поранешниот градоначалник Петре Шилегов во февруари 2018 година, бидејќи бил дивоградба. Шилегов тогаш кажа дека градежниот инспекторат на Општина Центар извршил увид на фактичката состојба и утврдил дека инвеститорот Град Скопје нема решение за поставување на овој споменик. Откако беше тргнат, споменикот беше однесен во магацин на „Металски завод-Тито“ во Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Фон дер Лајен: Со САД постигнавме договор што обезбедува стабилност и предвидливост за двете страни на Атлантикот

Следно

Убиени 13 Палестинци во нов бран израелски напади врз Газа

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран

Советот на Прилеп одвои 14,5 милиони денари за спортот и граѓанскиот сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки
Go toTop