Спасовски: Засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните

January 4, 2024
1 min read

реклама


Во текот на изминатата недела 25.12.2023 – 31.12.2023 преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.

-Приведени се околу 50 лица по разни основи, за недозволена трговија со дрога, нарушување јавен ред и мир, непријавен престој во државата, трговија со пиротехнички средства (запленети околу 44.000), фалсификуван зелен картон за возила, поседување оружје без дозвола. По преземени мерки на СВР низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 3598 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци, стои на фб статусот.

реклама

Во последната недела од 2023 година МВР спровело и 33 активности во делот на превенцијата.

-Остварени се и 33 превентивни активности на теми превенција од врсничко насилство и безбедност, безбедност во сообраќајот, безбедност на моторни возила , пиротехнички средства и заштита од пиротехника, трговија и употреба на дрога, користење зимска опрема, заштита од пиротехника, забрана за користење оружје. Продолжуваме – транспарентно и отчетно!, пишува на фејсбук статусот на министерот Спасовски.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на жртви во рускиот воздушен напад врз Киев се искачи на 32

Следно

Панамскиот канал треба да се спасува, а тоа ќе биде скапо и малку возможно

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop