Спасовски за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска: Ќе сторам сѐ монструмот да биде изведен пред лицето на правдата

December 4, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, и основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски одржаа прес-конференција на која изнесоа информации во врска со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, јавува Анадолу.

Малолетничката беше пријавена за исчезната на 27 ноември, настан што го привлече вниманието на јавноста.

Министерот Спасовски и обвинителот Бубевски рекоа дека истражната постапка покажала дека истите лица кои се осомничени за убиството на малолетничката, се осомничени и за исчезнувањето и убиството на 74-годишно лице од Велес.

Спасовски изјави дека полициските служби во текот на изминатата ноќ го расчистиле случајот откако беа пронајдени телата на двете лица кои се водеа за исчезнати.

Тој изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а случајот го оцени како „грозоморно кривично дело без преседан“ во земјата.

Спасовски рече дека мотивот за делата е користољубие, при што едно лице од осомничените во договор и со знаење на член на семејството го организирало извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката.

„Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три е веќе определена мерка притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице, таткото на малолетничката, е приведен, со него е извршен распит и понатаму ќе се преземаат мерки по насока на Јавното обвинителство“, рече Спасовски.

Тој рече дека другата жртва нема врска со малолетничката, но осомничените го одзеле и користеле неговото возило при извршување на кривичното дело.

Во врска со лицето што се наоѓа надвор од државата, Спасовски изјави дека според информациите, тоа лице најпрвин престојувало во Белград, Србија, од каде што заминало за Бугарија.

„Можам да ветам дека ќе сторам сѐ, и јас и институцијата, ова лице, или ако сакате подобро овој монструм, на кој му ја следиме трагата, час поскоро, штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата“, рече Спасовски.

Министерот истакна дека станува збор за изолиран, инцидентен случај на криминалци кои го познавале семејството.

Тој ги демантираше шпекулациите за етничка заднина на случајот што се појавија на социјалните мрежи. Спасовски рече дека во текот на постапката е извршен претрес на локации на една политичка партија, бидејќи осомничените биле членови на таа политичка партија.

Обвинителот Гаврил Бубевски во својата изјава рече дека во овој случај, кога сторителите се исти за две кривични дела, случајот добива најтешка можна квалификација.

„Имаат извршено и две кривични дела убиства, кои се квалификувани облици на кривични дела. Заради поврзаноста на едното и другото кривично дело со сторителите коишто се исти и за првото и за второто кривично дело, тоа добива најтешка можна квалификација од Кривичниот законик и се казнува најтешко што може да се изрече како казна во Република Северна Македонија“, рече Бубевски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Падна договор: Двојни избори на 8 мај

Следно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади во Газа порасна на 15.899

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција е шанса за жените и младите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, посветена на зајакнување на соработката за одржлив развој. На средбата се дискутираше

Манасиевски: Ристоска и Бубевски контролирале сè во СЈО, Јанева делела предмети по насока на Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и
Go toTop