Спасовски: Со улогата на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, главниот град денес е побезбеден од порано

December 29, 2023
2 mins read

реклама


Денеска, (29.12.2023) во седиштето на Единицата за интервентна полиција во Полицискиот центар Ѓорче Петров се одржа Свечена церемонија по повод 4 години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на која свои обраќања имаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и началникот на Единицата за интервентна полиција Дејан Несторовски, во присуство на раководството на МВР и соработниците на Единицата.

Истакнувајќи дека преку својот високо професионален пристап, формирањето на Единицата за интервентна полиција во изминативе 4 години од нејзиното постење, министерот Спасовски во своето обраќање ја потенцираше суштината на работењето на Единицата, која целосно ја оправда својата замислена намена и својата цел, а тоа е мобилност во оперативните постапувања, со широк опфат, одлична координација со другите полициски единици и висока професионалност, со цел поголема функционалност на целиот безбедносно-полициски систем на подрачјето на главниот град.

реклама

„Иако секој почеток е тежок, сепак самопрегорот, решителноста, професионалноста и би рекол патриотизмот на многуте полициски службеници дадоа и даваат исклучителни резултати. Скопје е денес побезбеден град од порано и граѓаните слободно и безбедно ја остваруваат својата цел и планови во мирна и безбедна средина. Најпрофесионално уште од самиот почеток Единицата за интервентна полиција брзо и успешно имплементираше свое структурно приспособување според сите стандарди на истородните полициски формации, дефинирајќи ја својата оперативност и функционалност како еден од главните сегменти во организациската структура на СВР Скопје“, рече Спасовски.

Министерот Спасовски особено ја потенцираше активноста на Единицата во справувањето со сите видови на криминал.

реклама

„Обемот на разновидните контролни и другите оперативни активности на припадниците на Единицата оваа година досега во опсег на конкретни поединечни постапувања се над 51.000 постапувања. Со ова станува јасно дека Единицата во целост е посветена на исполнување на својот дел од примарната задача на Полицијата и Министерството, а тоа е безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и на сите наши граѓани“, истакна Спасовски, со уверување дека и во годините пред нас, припадниците на Единицата ќе бидат на висина на задачата и професионални и посветени како и досега и дека заеднички ќе се вложи дополнителна енергија и ентузијазам во натамошниот раст и развој на оваа Единица, со единствена цел – градење на Полиција сервис на граѓаните и гарант за сигурноста и безбедноста.

Во своето обраќање, началникот на Единицата за интервентна полиција, Дејан Несторовски, истакна дека припадниците на Единицата се фокусирани и посветено работат кон потемелно одржување на јавниот ред и мир, пред сѐ во делот на ефикасно спротивставување на сите облици на уличен криминал, особено кога е во прашање лоцирањето, справувањето и лишувањето од слобода на опасни, вооружени лица.

реклама

„Само во 2023 година, делувајќи на територијата на град Скопје како превентивно, така и репресивно, Единицата за интервентна полиција приведе и лиши од слобода 1.591 лице по разни основи. Како резултат на секојдневното работење на терен, многу од кривичните дела се откриени на лице место, токму при извршување на кривичното дело или непосредно потоа, со брза интервенција на нејзините припадници, веднаш по добиена објава од полициските станици“, истакна Несторовски, изразувајќи благодарноста за визијата и поддршката на ова раководство на МВР.

Тој, честитајќи го Денот на Единицата за интервентна полиција на своите колеги, додаде: „Денеска сме непоколебливи и решителни во нашите секојдневни задачи, силно посветени на повисоката цел што ја носиме, посветени на заедницата, на сигурноста и безбедноста на сите наши граѓани“.

На крајот од свеченоста беа доделени благодарници и плакети за успешна соработка со Единицата за интервентна полиција при што беше одржана и тактичко-показна вежба. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ ќе работат и утре

Следно

Концерт на студентите од класата на вон. проф. м-р Дино Имери

Latest from Blog

Селекторите на Венецуела и Перу добија откази

Венецуела го отпушти селекторот Фернандо Батиста откако не успеа повторно да се квалификува за Светското првенство. Венецуела, единствената јужноамериканска репрезентација што никогаш не играла на Светско првенство, стигна до последното коло од

Објавени фотографии од 22-годишниот убиец на Чарли Кирк

Осомничениот убиец на Чарли Кирк, идентификуван како 22-годишниот Тајлер Робинсон, е уапсен, потврди директорот на ФБИ, Кеш Пател, на заедничка прес-конференција со гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Тајлер Робинсон, 22-годишник од Јута,

Нема надминувања на граничните вредности за квалитетот на воздухот во Скопје, осевен благо надминување во Лисиче

Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух – ДАМСКАВ, во периодот од 10 до 12 септември 2025 година не се регистрирани надминувања на граничните вредности за SO₂,

Ристовски со порака на благодарност: Скопје 2025 ја обедини спортската заедница

Под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“, во Скопје се одржа Првиот Регионален спортски самит „Скопје 2025“, на кој Македонија се покажа како центар на регионалната соработка во спортот.
Go toTop