Спасовски: Последните дојави за бомби доаѓаат од адреси од Иран и Русија, а уплатите за ВПН-услугите се извршени со крипто-валути

March 6, 2023
2 mins read

Во последните денови дојавите се испратени од мејловите од адреси во Иран и Русија, а уплатите за ВПН-услугите се извршени со крипто-валути, што го отежнува пронаоѓањето

МВР ќе го цени ризикот од дојавата, но во секој случај ќе постапи според заканата. Не се остава простор во случај ако има дојава да не се провери. Тоа не е така. Во училиштата се воспоставени таканаречени зелени зони во кои безбедноста не може да се наруши, вели министерот

„Интензивно се работи на откривање на сторителите. Досега неколку случаи беа разрешени. Сега имаме една изолирана поголема група и се работи на случајот и се надевам дека ќе имаме конкретни резултати. Не станува збор за закани кои се случуваат само во нашата земја туку со истото се соочуваат и земјите од регионот. Во последните денови дојавите се испратени од ИП-адреси во Иран и Русија, а уплатите за ВПН-услугите се извршени со крипто-валути, што го отежнува пронаоѓањето“,

рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ 24.

Тој додава дека новото упатство прави процена на ризик и тоа беше најважно, и отсега па натаму ќе се преземаат мерки, но без да се нарушува образовниот процес во училиштата.

Полицијата ќе биде присутна во близина на училиштата, и тоа е дел од новото упатство за чии детали министерот Спасовски вели дека нема потреба да се објавуваат, туку за тоа ќе бидат и се известени директорите на училиштата затоа што, како што вели, координацијата е многу важна во овој процес.

„Наставата ќе се одвива непрекинато, а постапувањата ќе бидат според фактичката состојба на терен. Најважни се безбедноста и спокојството на граѓаните. МВР ќе го цени ризикот од дојавата, но во секој случај ќе постапи според заканата. Не се остава простор во случај ако има дојава да не се провери. Тоа не е така. Во училиштата се воспоставени таканаречени зелени зони во кои безбедноста не може да се наруши“,

појаснува Спасовски додавајќи дека и во петокот и денес има нормализација на ситуацијата.

Според него, во овој период процесот добро се менаџира и се надева дека ќе нема поголеми проблеми околу прекинувањето на наставата.

Спасовски вели дека во еден дел станува збор за алгоритам и тоа се оние напади што стигнуваат однадвор.

„Внатре досега дојавите од Македонија главно се од малолетници, имаме една група која се истражува, но за тоа нема сега да се споделуваат информации со јавноста. Групата се истражува за да се обезбедат доказите“,

рече тој.

Спасовски вели дека работата не е излезена од контрола, туку дека такви дојави има насекаде во светот по кои полицијата постапува.

„Ние работиме со Интерпол и Европол, сериозен проблем се ВПН-адресите. Напредокот на техниката ги олеснува работите, но и создава проблеми“,

вели Спасовски и уверува дека имаме меѓународна помош за справување со дојавите за бомби.

Министерот објаснува дека од самиот старт МВР анализира неколку различни мотиви.

„Еден од нив е геостратегискиот, кој е многу веројатен затоа што дојавите за бомби се засилуваат зависно од состојбата на фронтот во Украина. Друг мотив е авантуристички и тука станува збор за малолетници. Генерално, сè она што се случува во светот, од миграции до војни и кризи како економската, поттикнуваат хибридни напади“,

објаснува Спасовски.

Според него, она што е многу важно е да не се злоупотребува целиот овој процес.

„Бевме сведоци на политички партии кои еден ден повикуваа да имаме полициски службеници во училиштата, а од петокот кога се пристапи кон новото упатство имаме член на политичка партија кој сега вика дека не треба да има полиција во училиштата. Тоа фрла веќе некаков друг сомнеж во целиот овој процес, но не би сакал целото ова да се политизира туку да направиме се да бидеме безбедни“,

додаде Спасовски.

Тој рече дека има разлика меѓу хибридни закани и хибридни напади. Дојавите за бомби се хибридни закани, а хибридните напади се врз институциите, како што беше случајот со Фондот за здравство.

„Ова е еден интензивен хибриден напад што ни се случува од 19 октомври низ целата територија на земјата, при што беа зафатени, не само училишта, туку и други објекти. Најважно е дека безбедносните служби активно работеа, безбедноста не беше загрозена во ниту еден момент, но мораше да се постапува според упатствата. Направивме оперативен тим од различни институции кои учествуваат со свои експерти и бараме соодветни решенија за да најдеме поинаков пристап кон електронските закани. Јас како министер донесов ново упатство за постапување и од петокот во училиштата се работи според тоа упатство“, 

додаде Спасовски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Што ќе значи губењето на Бахмут за Украина?

Следно

Земјотрес со јачина од 4,1 степен го потресе Хатај

Latest from Blog

НЕЛА ВИТОШЕВИЌ ВО МНТ ЈА РЕЖИРА „ЗАМИСЛИ НОВ СВЕТ“ КАКО ПАТУВАЊЕ НИЗ ДРАМИТЕ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

Режисерката Нела Витошевиќ во Македонскиот народен театар (МНТ) ја режира претставата „Замисли нов свет“, копродукциски проект помеѓу „Сектор филм“ и МНТ. Претставата се најавува како колаж од делата на еден од најзначајните

61-годишна жена по над 30 години битка за сопствен пород, стана мајка – се роди Петар и им донесе радост

На Клиниката за гинекологија и акушерство, мајка стана на 61- годишна скопјанка, која на свет го донесе својот син, Петар. Бебето и мајката се во добра здравствена состојба и, како што велат

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Во вечерашната емисија „Само вистина “на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој зборуваше за актуелни политички и економски теми и фокусот го стави на унгарскиот кредит и дека

Ристовски – Рокас: ЕУ е докажан партнер во развојот на македонскиот спорт

Македонското Министерство за спорт и Канцеларијата на Европската унија во Скопје договорија блиска соработка и промовирање на вистински вредности кои ќе значат здрава младина за европска иднина на Македонија. Ова денеска на
Go toTop